Вредносните ориентации кај адолесцентите

Stojanova, Biljana and Miloseva, Lence (2009) Вредносните ориентации кај адолесцентите. Воспитание, 6 (10). pp. 55-63. ISSN 1857/5331

[img]
Preview
Text
ВРЕДНОСНИТЕ ОРИЕНТАЦИИ КАЈ АДОЛЕСЦЕНТИТЕ.pdf

Download (303Kb) | Preview

Abstract

Предмет на проучување во ова истражување се вредносните ориентации на адолесцентите, со цел да се утврди кои вредносни ориентации ги преферираат овие лица и дали постојат полови разлики помеѓу нив во преференцијата на вредносните ориентации. Истражувањето е спроведено во периодот март-април 2008 година, во средно училиште во Штип. Во истражувањето учествуваа вкупно 49 испитаници кои се на возраст од 15 до 17 години (средна адолесценција), од кои 24 се од машки пол, а 25 од женски пол. За прибирање на потребните податоци е користена скалата на Попадиќ (Popadić, 1994), со 10 вредносни ориентации, операционализирани преку опис на 10 начини на живеење. По обработката на добиените податоци ги добивме најпреферираните и најмалку преферираните вредносни ориентации на адолесцентите, како и половите разлики кои постојат помеѓу нив. Три најпреферирани вредносни ориентации на адолесцентите во Штип се: утилитарна, семејна и индивидуалистичка и хедонистичка, додека три најмалку преферирани вредносни ориентации за овие лица се: сознајна, алтруистичка и прометејска активност. Три најпреферирани вредносни ориентации за адолесцентите од машки пол се: утилитарна, семејна и хедонизам, а три најмалку преферирани вредносни ориентации се: атруистичка, сознајна и утилитарен активизам. За адолесцентите од женски пол, три најпреферирани вредносни ориентации се: семејна, утилитарна и индивидуалистичка, а три најмалку преферирани вредносни ориентации се: религиозна, алтруистичка и сознајна ориентација. Статистички значајна разлика во вредносните ориентации кои ги преферираат овие две групи на испитаници не добивме, иако е видливо дека поголеми разлики постојат во преферирањето на алтруистичка и религиозна ориентација, при што резултатите укажуваат на тоа дека момчињата повеќе ги преферираат овие вредносни ориентации, во однос на девојчињата.

Item Type: Article
Uncontrolled Keywords: вредносни ориентации, средна адолесценција, полови разлики
Subjects: Social Sciences > Psychology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Biljana Pesova
Date Deposited: 21 May 2013 12:26
Last Modified: 21 May 2013 12:26
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6319

Actions (login required)

View Item View Item