Разработка на класификациите на рударските откопни методи

Mijalkovski, Stojance and Ristova, Daniela (2011) Разработка на класификациите на рударските откопни методи. Македонско рударство и геологија, XI (21). pp. 32-34. ISSN 1409-8288

[img]
Preview
Text
Trud 30. Razrabotka na klasifikaciite na rudarskite otkopni metodi.pdf

Download (727Kb) | Preview

Abstract

Класифицирањето на методите за откопување на наоѓалиштата на минерални суровини може да биде, a и досега е изведувано според различни принципи и за различни групи на методи за откопување. Кај некои автори од САД, во ист класификационен систем се наоѓаат сите методи за подземно и површинско откопување. Во Европа најчесто интегрално се третираат сите методи за подземно откопување, вклучувајќи откопување на наоѓалишта во цврсти и меки карпести средини (слоевити и неслоевити наоѓалишта), иако има и такви класификации кои разгледуваат само откопување на неслоевити рудни наоѓалишта. Во Русија (поранешниот Советски Сојуз) и земјите од поранешниот Источен блок, вклучувајќи ја и Р. Македонија, посебно се разгледуваат методите за откопување на јаглен од методите за откопување на неслоевити рудни наоѓалишта.

Item Type: Article
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Stojance Mijalkovski
Date Deposited: 08 May 2013 08:29
Last Modified: 08 May 2013 12:49
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6202

Actions (login required)

View Item View Item