Анимацијата во средствата на туристичката пропаганда

Jakovlev, Zlatko (2006) Анимацијата во средствата на туристичката пропаганда. PhD thesis, Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола, Факултет за туризам и угостителство - Охрид.

[img] Text
Animacijatavosredstvatanaturistickatapropaganda RAB1.pdf

Download (17Mb)

Abstract

Современите трендови во туризмот,ја наметнуваат потребата од организирање на содржината на туристичкиот престој. Минати се оние времиња кога осноните туристички услуги сместувањето и исхраната, беа основни мотиви на туристичките движења. Денес овие услуги се јавуваат како изведена потреба при остварување на целта, а тоа е задоволување на потребите на посетителите. Ова е причина повеќе туристичката понуда, да вклучи содржини кои ќе бидат во функција на посетитлите. Понудата има две основни цели: остварување профит и задоволување на потребите на посетителите. Меѓу овие две цели постои комплементарност. Тоа значи дека степенот на остварување на првата цел е во зависност од остварување на втората. Колку е поголем степенот на респектирање на втората, толку ќе биде поголем степенот на реализирање на првата цел. Во тој контекст станува збор за анимацијата која всушност е сoставен дел на туристичката понуда. Таа ја збогатува туристичката понуда со најразновидни содржини и ги мотивира посетителите на активен и посодржински престој. Сите напори за зголемување на туристичкиот промет и проширување на економската корист од туризмот, ќе бидат само толку делотворни колу што ќе бидат базирани врз потребите, желбите,склоностите и навиките на посетителите. Според тоа може да се истакне дека е големо значењето на анимацијата за развој на туризмот.

Item Type: Thesis (PhD)
Subjects: Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Zlatko Jakovlev
Date Deposited: 22 Apr 2013 10:11
Last Modified: 22 Apr 2013 10:11
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6166

Actions (login required)

View Item View Item