Анимациски карактеристики на туристичките вредности во Охридско-преспанскиот регион

Jakovlev, Zlatko (2000) Анимациски карактеристики на туристичките вредности во Охридско-преспанскиот регион. Masters thesis, Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола, Факултет за туризам и угостителство - Охрид.

[img] Text
Magisterska od Zlatko Jakovlev za E- Repozitorium.doc

Download (119Kb)

Abstract

Денешните услови во кои се наоѓа Република Македонија можат да се окарактеризираат како неповолни, во поглед на нејзината стопанска развиеност. Секоја земја, па така и нашата треба да ги искористи своите компаративни предности, своите потенцијали за да доживее економска експанзија. Република Македонија како недоволно економски развиена земја треба да го интензивира развојот на туризмот. На тој начин таа може поравноправно да се вклучи во меѓународните економски односи. Дали ќе успее Р. Македонија или не ќе зависи од тоа дали ќе знаеме сите ние да ги искористиме сопствените компаративни предности. Неоспорен факт е дека туризмот има поливалентно значење и е мултипликатор на стопанскиот развој. Со оглед на тоа дека Р. Македонија располага со природни, материјални и човечки фактори за развој на туризмот, кои се недоволно искористени, сметам дека на ова прашање треба да му се посвети посебно внимание. Туризмот како феномен на 20 и 21 век има општествено и економско значење. Се разбира дека секоја земја е заинтересирана за економското влијание на туризмот врз нејзиниот развој. Затоа треба на туристот да му се пружат соодветни услуги со што ќе биде задоволен.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Zlatko Jakovlev
Date Deposited: 22 Apr 2013 10:11
Last Modified: 22 Apr 2013 10:11
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6165

Actions (login required)

View Item View Item