Преседан во историјата на Обединетите Нации

Apasiev, Dimitar (2008) Преседан во историјата на Обединетите Нации. In: Спорот за името - Грција и Македонија. ЈП „Службен весник на Рeпублика Македонија“, Скопје, Република Македонија, pp. 269-285. ISBN 978-9989-48-967-9

[img]
Preview
Text
36.))) Presedan vo istorijata na OON.pdf

Download (5Mb) | Preview

Abstract

Овој истражувачки проект настана на предлог на студентите од втора година на правните студии на Правниот факултет ,,Јустинијан Први“, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Тие ја дадоа идејата за време на предавањата по предметот Политички систем, уште во март 2002 година. Веднаш потоа, спонтано и со голем ентузиjазам, идејата беше прифатена и од страна на студентите од четврта година кои слушаа предавања по предметите Уставно право - применета програма и Споредбено уставно право. Студентите се почуствуваа како актери на нешто многу значајно и како субјекти кои носат одговорност за иднината на земјата. Веднаш сфатија дека им требаат повеќе автономни извори за да дојдат до вистината. Љубовта кон вистината ги привлече посилно отколку лажниот патриотизам (Amicus patria, sed magis amica veritas). Проектот беше и официјално поддржан со Одлука на Наставно-научниот совет на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Бр. 02 300/6 [5.V.2008], и резултираше со издавање на две обемни книги со наслов „СПОРОТ ЗА ИМЕТО - ГРЦИЈА И МАКЕДОНИЈА“ во издание на ЈП „Службен весник на РМ“ (македонска верзија, 2008) и на „Матица Македонска“ (англиска верзија, 2009). Раководител на Проектот беше проф. д-р Светомир Шкариќ, а покрај него како уредници т.е. редактори на обете изданија се јавуваат Димитар Апасиев и Владимир Патчев

Item Type: Book Section
Subjects: Social Sciences > Law
Social Sciences > Other social sciences
Social Sciences > Political Science
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Apasiev
Date Deposited: 17 Apr 2013 08:48
Last Modified: 17 Apr 2013 08:48
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6154

Actions (login required)

View Item View Item