Законот за стечајците

Apasiev, Dimitar (2010) Законот за стечајците. In: Обезвреднување на трудот - Анализа на трудово-правната легислатива во периодот на транзицијата. Movement for Social Justice – "LENKA", Skopje, Republic of Macedonia, pp. 171-172. ISBN 978-608-65134-0-5

[img]
Preview
Text
34. Stecajci - Obezvrednuvanje.pdf

Download (378Kb) | Preview

Abstract

Овој мошне краток и ad hoc донесен закон, чие целосно име е невообичаено долго и гласи: Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, а популарно наречен „Закон за стечајците“ (2008), беше наменски донесен, по речиси едногодишно протестирање на дел од овие луѓе кои, всушност, беа и вистинските жртви на неуспешната транзиција. Се работи за посебен закон (lex specialis) со којшто се доградува регулативата од општиот закон за оваа материја – а тоа е Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (1997). По неговото влегување во сила, овој Закон, поради пререстриктивните услови и дискриминацијата кои ги воведе (имено, од околу 5.000 – 6.000 лица во иста ваква положба – за коишто, патем речено, имаше обезбедено парични средства со ребалансот на Буџетот на РМ за 2008 година, со него беа опфатени само околу 2.000!?) – тој беше оспорен пред Уставниот суд на РМ, преку рекордни девет различни претставки, од страна на повеќе лица-иницијатори, меѓу кои беа и дел од авторите на овој труд – Апасиев и Савески. Уставниот суд прво реши да поведе постапка (в. Решение на УС, У.бр. 155/2008-0-0 од 20.XI.2008), но по неколку месеци се предомисли и истата беше запрена со штуро и правно неиздржано образложение (Решение на УС, У.бр. 155/2008 од 14.I.2009). Притоа, Судот на авторот на овој текст, и покрај писменото барање, не му овозможи увид во списите на предметот, поточно во добиениот владин одговор – што, пак, е спротивно на Деловникот за работа на Уставниот суд (1992).

Item Type: Book Section
Subjects: Social Sciences > Law
Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Apasiev
Date Deposited: 16 Apr 2013 14:13
Last Modified: 16 Apr 2013 14:13
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6149

Actions (login required)

View Item View Item