Работничките права во Процесните закони

Apasiev, Dimitar (2010) Работничките права во Процесните закони. In: Обезвреднување на трудот - Анализа на трудово-правната легислатива во периодот на транзицијата. Movement for Social Justice – "LENKA", Skopje, Republic of Macedonia, pp. 145-151. ISBN 978-608-65134-0-5

[img]
Preview
Text
33. Procesni zakoni - Obezvrednuvanje.pdf

Download (747Kb) | Preview

Abstract

1. Законот за мирно решавање на работните спорови (2007), 1 кој е lex specialis за проблематиката на т.н. вонсудско расправање спорови со работна тематика, ги уредува начинот и постапката на мирно решавање работни спорови; изборот, правата и обврските на помирувачот и арбитрите, како и другите прашања кои се од значење за мирното решавање на некои „најчести“ работни спорови – што значи не се однесува на сите видови спорови кои, евентуално, можат да произлезат од комплексот на работните односи. 2. Во поглед на правата од работен однос, односно нивната т.н. секундарна (судска) заштита, проблематиката е регулирана со Законот за парничната постапка (2005) – којшто е изменет и дополнет во два наврата (2008 и 2009), a се подготвува и неговата трета измена. Претходно, пак, постоеше стар ЗПП (1998), којшто беше изменет и дополнет (2002), а потоа и изработен негов пречистен текст – поради обемот на интервенциите. Со измените на одредбите кои ја регулираат наведенава материја, за прв пат, се направи обид за зајакнување на т.н. „процесна дисциплина“. Но, сепак, остана впечатокот дека роковите кои се воведуваат се само инструктивни, при што отсуствува елементот на казнување на судијата кој, евентуално, би ги пречекорил пропишаните законски рокови. 3. Во поглед на извршувањето на судските, правосилни и извршни, одлуки донесени во т.н. работни спорови, проблематиката е регулирана со Законот за извршување (2005), којшто е изменет и дополнет во три наврати – двапати во 2006 и еднаш во 2008 година. Претходно постоеше „стар“ Закон за извршна постапка (1997), којшто двапати беше изменуван и дополнуван – во 2000 и во 2003 год. Со измените на одредбите кои ја регулираат наведената материја се прошири опфатот на одговорност за неизвршување судска одлука за враќање работник на работа и се внесоа некои технички подобрувања, коишто имаат за цел поефикасно спроведување на судските одлуки во овој домен.

Item Type: Book Section
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Apasiev
Date Deposited: 16 Apr 2013 14:12
Last Modified: 16 Apr 2013 14:12
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6148

Actions (login required)

View Item View Item