Закон за работните односи

Apasiev, Dimitar (2010) Закон за работните односи. In: Обезвреднување на трудот - Анализа на трудово-правната легислатива во периодот на транзицијата. Movement for Social Justice – "LENKA", Skopje, Republic of Macedonia, pp. 13-66. ISBN 978-608-65134-0-5

[img]
Preview
Text
ZRO - Obezvrednuvanje na trudot.pdf

Download (5Mb) | Preview

Abstract

Од почетокот на транзицијата, до денес, донесени се вкупно три закони за работни односи: малку пред распадот на СФРЈ беше донесен Законот за работните односи на СРМ (1990), којшто важеше паралелно со тогаш постоечкиот сојузен Закон за основните права од работниот однос (1989). ЗРО на СРМ (1990) претрпе четири интервенции и, во 1993 година, беше заменет со нов Закон за работните односи на РМ. Овој закон, за време на дванаесетгодишниот период на неговото важење, имаше дури единаесет интервенции, за во 2005 година да биде заменет со новиот, и сè уште актуелен, Закон за работните односи. Но, и овој најнов општ закон (lex generalis) за оваа материја не беше поштеден од чести интервенции, при што, до крајот на 2009 година, се донесени четири негови измени и дополнувања. Покрај oва, Уставниот суд на РМ донесе седум одлуки со кои се укинуваат одредби од ЗРО/05. Во овој транзициски период, преку измените на ЗРО – кој, како основен закон (lex fundamentalis), ја игра улогата на своевиден „работнички устав“, работничките права особено се влошија во следниве сегменти: драстично се намалија правата на работниците кои се прогласени за „технолошки вишок“; воведен е отказ без отказен рок; значително е отежнато остварувањето на правото на штрајк; намален е законски гарантираниот годишен одмор; овозможено е, преку дефинирањето на работното време, работникот да биде натеран да извршува какви било работни задачи, а не само оние кои се соодветни на неговото работно место и квалификации; а временскиот период за работа на определено време беше продолжен од една, дури на пет години. Извесни подобрувања на положбата на работниците имаше во овие сегменти: полното работно време од 42 се скрати на 40 часа неделно; максималното траење на прекувремената работа de iure се скрати од десет на осум часа неделно и се утврди на 190 часа годишно; воведени се низа т.н. „антидискриминаторски одредби“; воведена е и општа забрана на ноќната работа за малолетните работници и за работниците над 57 години старост – за жени и над 59 години – за мажи, а беше предвидена и можноста, работниците на кои не им се исплатени плати и придонеси три месеци едноподруго – да иницираат (стечајна) постапка за престанок на правното лице во кое работат.

Item Type: Book Section
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Apasiev
Date Deposited: 16 Apr 2013 14:11
Last Modified: 16 Apr 2013 14:11
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6147

Actions (login required)

View Item View Item