Употреба на Nd: YAG ласер во третманот на хиперсензитивни заби

Kovacevska, Ivona and Dimova, Cena and Georgiev, Zlatko (2010) Употреба на Nd: YAG ласер во третманот на хиперсензитивни заби. In: „Аполонија” Стоматологијата денес, Конгрес со интернационално учество, 07-09 June 2010, Струга.

[img]
Preview
Text
СТРУГА.pdf

Download (6Mb) | Preview

Abstract

ЦЕЛ: Во оваа студија си поставивме за цел да направиме клиничка процена на терапискиот ефект на Nd:YAG ласерот при состојби на хиперсензитивни заби. МАТЕРИЈАЛ И МЕТОД: За реализацијата на поставената цел во испитувањето беа вклучени 30 пациенти кај кои беа третирани 38 заби. Преосетливост во пределот на вратовите на забите дијагностициравме кај 30 заби, додека кај останатите 8 детерминиравме хиперсензитивност на оклузалната површина На сите заби аплициравме до три третмани со Nd:YAG ласер ирадијација. РЕЗУЛТАТИ: Кај 90% од третираните заби со преосетливост во гингивалната третина, смирување на симптоматологијата нотиравме по првата сеанса на ласер ирадијацијата. Само во 2 случаи индицирана беше апликација на ласер терапија во три сеанси. ЗАКЛУЧОК: Добиените клинички резултати како и позитивниот ефект на Nd:YAG ласерот во реставративната стоматологија и ендодонцијата, сугерираат примена на оваа современа технологија во рамките на секојдневната клиничка пракса.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Ivona Kovacevska
Date Deposited: 03 Apr 2013 13:12
Last Modified: 10 Aug 2015 07:31
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6069

Actions (login required)

View Item View Item