Примена на Био-ос кај коскени дефекти во мандибула

Andonovska, Biljana and Dimova, Cena (2009) Примена на Био-ос кај коскени дефекти во мандибула. In: V-ти Конгрес на стоматолозите од Македонија со меѓународно учество, 10-13 Sept 2009, Охрид, Македонија.

[img]
Preview
Text
_0117130140_001.pdf - Published Version

Download (580Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Poster ohrid - biljana.pdf - Published Version

Download (304Kb) | Preview

Abstract

Цел на истражувањето: Целта на оваа студија е да се воспостави функционалност на постоечката протетска мостова конструкција која е нарушена поради воспалителен процес (хронична периапикална лезија и пардонтален џеб) кој довел до дестукција на коскеното ткиво, преку пополнување на коскениот дефект со алопластичен материјал. Материјал и метод: Орално-хируршката интервенција (апикотомијата на мандибуларен втор премолар и обработката на пародонталниот џеб) беше спроведена врз основа на предходните наоди добиени од клинички и рендгенолошки испитувања. Коскениот дефект (кавитетот) и отсуството на вестибуларна ламина беше исполнет и надоместена со природен коскен минерал од говедско потекло (Bio-Oss). После адаптацијата на Bio-Oss се постави сутура. Постоперативниот период беше со уреден наод без знаци на инфекција. Контролни прегледи и контролни снимки беа извршени 1, 3 и 6 месец од поставувањето на алопластичниот материјал. Во 6 месец на рендгенската снимка се утрвди постоење на новосоздадено коскено ткиво. Заклучок: Постојат голем број на техники и материјали кои се применуваат за да се овозможи ефикасна коскена аугментација. Пристапот во голем дел зависи од големината на дефектот. Исто така, коскените субституенти мора да се способни да овозможат задоволителна форма за пополнување на коскениот дефект.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 01 Apr 2013 11:37
Last Modified: 19 Feb 2014 09:08
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6068

Actions (login required)

View Item View Item