Примена на сервисно ориентирана архитектура за развој на прототип на информациски систем за разузнавање

Ackoski, Jugoslav (2013) Примена на сервисно ориентирана архитектура за развој на прототип на информациски систем за разузнавање. PhD thesis, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство.

[img]
Preview
Text
Draft verzija_Doktorska disertacija JA_5.pdf

Download (4Mb) | Preview

Abstract

Современите општествени трендови, влијаат на софистицираниот развој на информациски системи, бидејќи придобивките од нивното користење, влијаат на развојот на самото општество. Примената на современета информациска технологија во голема мера придонесува за подобрување на процесите (активностите) кои го поддржуваат разузнавачкиот циклус (планирање, собирање, анализа и десиминација). Иако постои константен напредок во ова поле, во последните десет години во Р. Македонија не се случила значајна разлика во квалитетот на работењето во областа на разузнавањето, предизвикано, од напредокот на информациската технологија. Користењето на сервисно ориентираната архитектура за креирање на дистрибуирани информациски системи, претставува едно од најнапредните решенија за развој на ДКС. Причината за наведената констатација е во проектите за градба на информациски системи, кои секојдневно се развиваат, а се базираат на СОА. Во ист контекст, може да се нагласат и решенијата за креирање на дистрибуирани информациски системи базирани на СОА, за кои како носител во проектите е државата, односно Република Македонија. Извршените истражувања за искористеноста на СОА, укажуваат на нејзина примена во скоро сите сфери на општеството, каде се појавува потреба од креирање на дистрибуирани информациски системи. Една од сферите е, и Националната безбедност, односно разузнавањето, кое ја претставува компонентата во системот за безбедност на државите. Истражувањето во оваа докторската дисертација е насочено во креирање на модел на информациски систем за разузнавање со примена на сервисно ориентирана архитектура. Воведувањето на сервисно ориентираната архитектура во информациските системи, односно нејзина примена, овозможува создавање на нови можности за проширување на решенијата за дизајнирање на информациските системи за разузнавање во однос на поефикасно менаџирање со информациите. Креираниот модел на информациски систем, од аспект на разузнавањето, се базира на разузнавачките дисциплини, кои се искористени како основа за создавање на интегрирано разузнавање. Системот за интегрирано разузнавање треба да овозможи размена на информациите помеѓу агенциите, службите, институциите, секторите и другите учесници вклучени во процесот на разузнавање, со цел изработување разузнавачки продукти, преку кои ќе се овозможи правилно донесување одлуки од страна на авторитетите. При тоа, особено внимание мора да се посвети на автетичноста и сигурноста на податоците и информациите кои се третираат. Извршените истражувања, како и добиените резултати поврзани со темата, според актуелноста на третираната проблематика, методологија на истражувањето, содржината, како и очекуваните резултати, укажуваат дека развиениот модел на информациски систем за разузнавање претставува значаен придонес во развој на ефикасен модел за разузнавање, врз кој треба да се базира разузнавањето во Р. Македонија.

Item Type: Thesis (PhD)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Military Academy
Depositing User: Jugoslav Ackoski
Date Deposited: 25 Mar 2013 16:29
Last Modified: 12 Jun 2013 11:35
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5912

Actions (login required)

View Item View Item