Ткивни нивоа на матрикс металопротеинази кај хроничните периапикални лезии

Andonovska, Biljana and Dimova, Cena (2010) Ткивни нивоа на матрикс металопротеинази кај хроничните периапикални лезии. Journal of Dentistry Apolonia, 12 (23). pp. 51-58. ISSN 1409-8768 (Print) / 1857-6087 (Online)

[img]
Preview
Text
_0117131900_001.pdf

Download (5Mb) | Preview
Official URL: http://www.revista-apolonia.org

Abstract

Цел: Матрикс-металопротеинази (ММПс) претставуваат протеолитички ензими способни за деградација на речиси сите компоненти на екстрацелуларниот матрикс и базалната мембрана. Оваа група на протеолитички ензими игра мошне значајна улога во голем број на деструктивни патолошки процеси, како на пример, хроничното воспаление и коскено деструктивните лезии. Поради тоа, целта на оваа студија беше да се детерминира зависноста помеѓу концентрациите на колагеназите (ММП-1,-8,-13) со степенот на ткивната деструкција од испитуваниот материјал (хроничното периапикално ткиво), како и со карактерот и разликите помеѓу периапикалните лезии. Материјал и метод: За реализација на овие цели беше земено со хируршка интервенција хронично периапикално ткиво од 50 заби кај кои беше клинички и радиографски верифицирано постоење на хроничен периапикален процес. Контролната група опфаќаше 10 пациенти со клиничка дијагноза Денс импацта. После орално хируршката интервенција пулпата од здравите заби беше екстрирпирана и испитувана. Концентрацијата на овие три типа ММПс беше измерена со примена на квантитативен ензимски метод. Резултати: Различната концентрација на колагеназите (ММП-1,-8,-13) кај хроничните периапикални процеси од различен воспалителен тип ја потрврдуваат високата сигнификантност проничните перапикални процеси со различна клиничка дијагноза, што ја покажува и нивната различна активност. Најголеми вредности за концентрацијата на ММП беа регистрирани кај случаите со дијагноза Пародонтитис периапицалис цхроница диффуса. Измерената концентрација на колагеназите (ММП-1,-8,-13) во нормалното ткиво на пулпата кај импактираните трети молари беше во граници од 0,00 нг/мЛ до 0,02 нг/мЛ. Различната концентрација на ММП кај нроничните периапикални процеси од различен воспалителен тип зависеше од тоа дали забот е ендодонтски третиран или не. Анализата на резултатите покажа дека во ткивото од симптоматичните случаи е детектирана повисока концентрација на ММП. Заклучок: Со целосен респект кон конвенционалните методи кои се користат во секојдневната стоматолошка пракса, овој магистерски труд отвори нови можности кон еден современ метод за дијагностицирање на хроничните воспалителни периапикални процеси и мониторинг на воспалителната активност на ткивото, базирани врз деструктивната улога на колагеназите (ММР-1, -8 и -13) во склоп на воспалителниот процес, кој е дирекно зависен од концентрацијата на ММР во патолошки променетото периапикално ткиво. Клучни зборови: хронични периапикални процеси, ММП, екстарцелуларен матрикс, колагенази и ресорпција на коска.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 11 Mar 2013 08:34
Last Modified: 19 Feb 2014 08:44
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5828

Actions (login required)

View Item View Item