Употреба на транексемичната киселина во оралната хирургија

Dimova, Cena (2009) Употреба на транексемичната киселина во оралната хирургија. In: Sovremeni dostreli. Stomatoloski fakultet, Skopje, pp. 89-97. ISBN 978-9989-2604-6-9

[img]
Preview
Text
поглавје од книга 2009 димова.pdf

Download (362Kb) | Preview

Abstract

Целта на оваа студија беше да се процени воспоставената локална хемостаза при употреба на транексемичната киселина, како локално средство за испирање по оралнохируршките интервенции кај 80 пациенти кои примаат орални антикоагуланси. Оралнохируршките интервенции беа изведени со редукција на нивото на антикоагулантната терапија кај контролна група и без промени во нивото на антикоагулантната терапија кај групата која беше со транексемичната киселина. По интервенциите оралнохируршките рани беа испирани со 5% на транексемична киселина кај испитуваната група при кои оралниот антикоагуланс не беше прекинат и со плацебо раствор кај испитаниците кај кои антикоагулантната терапија беше редуцирана. На пациентите им беше кажано да ја испираат устата со 10 мл од назначениот раствор. Анализата покажа дека непостои сигнификантна разлика помеѓу двете третирани групи во појавата на пролонгирано крварење по оралнохируршките интервенции. Оралниот антикоагуланс не треба да биде прекинат пред оралнохируршките интервенции доколку се превземаат локални мерки на хемостаза со локална антифибринолитичка терапија. Клучни зборови: оралнохируршки интервенции, орални антикоагуланси, транексемична киселина.

Item Type: Book Section
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 11 Mar 2013 08:37
Last Modified: 30 Sep 2013 11:14
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5827

Actions (login required)

View Item View Item