Дијагноза и третман на импактирани канини

Dimova, Cena (2009) Дијагноза и третман на импактирани канини. In: V-ти Конгрес на стоматолозите од Македонија со меѓународно учество, 10-13 Sept 2009, Охрид, Македонија.

[img]
Preview
Text
_0117130237_001.pdf

Download (1604Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Presentation ohrid 2009.pdf

Download (2233Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
ohrid dimova cena 2009.pdf

Download (108Kb) | Preview

Abstract

Цел: Целта на оваа студија е да го прикаже комбиниран и современ концепт во менаџментот на импактираните горни и долни канини. Специфичниот пристап го трасира од самиот почеток идниот третман на импактираните максиларни и мандибуларни канини. Материјал и метод: Имено, по изведената анамнеза и преглед, беа направени радиграфски испитувања (ортопантомограф, оклузални или ретроалвеоларни рендгенграфии и компјутеризирана томографија) кои се предуслов за поставување на точна дијагноза и дефинирање на позицијата на импактираниот канин. Најчесто беше применет ортодонтско-оралнохируршки третман кој содржеше неколку фази:  поставување на фиксна ортодонтска терапија со цел за стварање простор во максиларниот и мандибуларниот лак,  хируршко експонирање (кортикотомија или фенестрација) и ортодонтско влечење на импактираниот канин кон алвеоларниот гребен.  сместување на канинот денталниот лак и финализирање на ортодонтскиот третман.  Последната фаза вклучуваше евалуација на периодонталниот статус на третираниот забен низ на крајот на ортодонтскиот третман. Резултати: Овој концепт во третманот на импактираните горни и долни канини даде позитивни резултати со позиционирање на импактираниот заб во забниот лак и одличен периодонтален статус на останатите заби. Преглед од неколку клинички случаи со импактирани максиларни и мандибуларни канини од нашата пракса ќе бидат прикажани во сите фази на третманот. Заклучок: Прецизната дијагноза на импактираните канини претставува предуслов за за добар план на терапијата, со која се потврдува потребното време за третман и истото овозможува редуцирање на можните компликации. Третманот на импактираните канини не конечен само со ортодонсткиот дел од терапијата. Конечната периодонтална состојба е фундаментален кључ за проценка на успехот од терапијата при импактираните канини.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 21 Mar 2013 21:57
Last Modified: 19 Feb 2014 09:08
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5821

Actions (login required)

View Item View Item