Поим за менаџмент

Jakovlev, Zlatko (2008) Поим за менаџмент. Списание „Економија и бизнис”. ISSN 1409-6781

[img]
Preview
Text
Poimzamenadzmenttrud.pdf

Download (378Kb) | Preview

Abstract

Последниве неколку децении, без сомневање се период на круцијални и брзи промени во меѓународното окружување. Во таа конотација, да се управува со претпријатијата, во услови на турбулентност во сите домени на општествено- економското живеење, значи да се етаблира активен процес на одржување на перманентна долгорочна компатибилност на претпријатието со целокупното свое окружување. Всушност, станува збор за менаџментот, кој во современи услови на работење претставува еден од најзначајните развојни фактори за ефикасност и ефективност на вкупните деловни активности. Тоа поконкретно значи дека менаџментот не трпи донесување одлуки кои се базираат исклучиво врз минатото или пак врз едноставна екстраполација на сегашните трендови во иднина. Само со правилно сваќање на менаџментот, ќе се остварат целите на поединецот, претпријатието и општествената заедница во целост, бидејќи ќе се изнајде оптимален модалитет кој ќе му обезбеди конкурентна предност на претпријатието на пазарот.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Zlatko Jakovlev
Date Deposited: 11 Mar 2013 08:32
Last Modified: 11 Mar 2013 08:32
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5812

Actions (login required)

View Item View Item