Оптимизација на технолошкиот процес на кроење за ефикасно искористување на материјалите

Krsteva, Silvana (2011) Оптимизација на технолошкиот процес на кроење за ефикасно искористување на материјалите. Masters thesis, Технолошко-металуршки факултет- УКИМ- Скопје.

[img]
Preview
Text
ОПТИМИЗАЦИЈА НА ТЕХНОЛОШКИОТ ПРОЦЕС НА КРОЕЊЕ ЗА ЕФИКАСНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛИТЕ.pdf

Download (408Kb) | Preview

Abstract

Во последната деценија, компаниите од индустријата за облека се изложени на висока конкуренција од земјите со ниска цена на работната сила и постојано зголемување на производните трошоци. Поради ова, се повеќе се наметнува прашањето за подобро искористување на постоечките ресурси во насока на зголемување на конкурентноста и профитабилноста на компаниите. Во производството за облека, на трошоците за основен материјал отпаѓаат повеќе од 50 % од цената на готовиот производ. Од особена важност за зголемување на ефикасноста во технолошкиот процес на кроење и поголемо искористување на материјалите е начинот на процесирање на работните налози, односно, планирањето економични кројни наслаги. Во репрезентативни индустриски фирми за производството на облека и логистика, анализирано е влијанието на нивото на применетата технологија врз количината на генериран текстилен отпад во процесот на кроење. Истражувани се можностите за зголемено искористување на текстилните материјали преку поефикасен менаџмент на материјалите, планирање и примена на информатичката технологија. Покажано е дека преку: оптимизација на кројните наслаги, примена на САD системите и примена на софтверски апликации, може да се постигне значајно намалување на материјалните трошоци. Во насока на остварување дополнителен профит и зголемена конкурентност на конфекциските фирми, како и за постигнување еколошки бенефит за општеството во целина, дополнително е истражувана можноста создадениот текстилен отпад да се употреби како суровина за производство на композитни материјали. Клучни зборови: оптимизација на процесот на кроење, текстилен отпад, материјални трошоци, трошоци за работна сила, композитни материјали, COP софтвер.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Engineering and Technology > Environmental engineering
Engineering and Technology > Materials engineering
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Silvana Zezova
Date Deposited: 01 Mar 2013 09:13
Last Modified: 01 Mar 2013 09:13
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5681

Actions (login required)

View Item View Item