Туристичкиот криминалитет и неговите специфичности

Jakovlev, Zlatko (2013) Туристичкиот криминалитет и неговите специфичности. Втори Август - Штип. ISBN 978-608-4662-08-2

[img]
Preview
Text
Туристичкиот криминалитет и неговите специфичности B5 (2).pdf

Download (319Kb) | Preview

Abstract

Туризмот прима масовен карактер посебно последните 40 години. Според предвидувањата на меѓународните туристички експерти туристичките посети годишно до 2015 година ќе се зголемат на околу 500 милиони, а со тоа се зголемуваат и приходите на финансиски средства остварени од туризмот. Тие средства течат преку каналите на туристичкиото стопанство и навлегуваат скоро во сите други стопански и нестопански активности кои претставуваат снабдувачка база на тоа стопанство. Тие средства стануваат се поважна ставка на приходи, не само за непосредните даватели на туристички услуги, туку и за националните економии на одделени земји, а исто така и значаен стимулативен фактор на меѓународните економски односи.Како и секоја друга појава така и во туризмот покрај позитивните ефекти изразени преку општествените и економските функции постојат и негативни ефекти изразени преку туристичкиот криминалитет, деликвенцијата и социјално – патолошките појави.Иако далеку е поголемо позитивното влијание во однос на негативното, сепак негативното не смее да се занемари, напротив неопходно е да му се посвети поголемо внимание како и да се превземат бројни мерки и активности за анулирање на негативните аспекти на турзмот односно сведување на нивно најниско ниво.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Zlatko Jakovlev
Date Deposited: 01 Mar 2013 09:08
Last Modified: 01 Mar 2013 09:08
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5675

Actions (login required)

View Item View Item