Практикум по Физиологија на растенијата - резензиран парактикум

Koleva Gudeva, Liljana and Trajkova, Fidanka (2016) Практикум по Физиологија на растенијата - резензиран парактикум. ISBN 978-608-244-371-3.

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/591

Abstract

Физиологијата на растенијата ги изучува биолошките процеси кај растенијата. Оваа научна дисциплина во поново време доживува вистинска експанзија благодарение, во прв ред на развојот на молекуларната биологија, биохемијата, биофизиката и современите применети методи во генетското инженерство. Од научна дисциплина што порано се базираше претежно врз опишување на надворешните манифестации на биолошките процеси кај растенијата, денес е развиена во дисциплина што е во состојба да ги опише и објасни поодделните појави и процеси, а со тоа го овозможува и нивното подлабоко разбирање и проучување. Практикумот по Физиологија на растенијата е наменет за студентите од Земјоделскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип и истиот е концептиран според постоечкиот наставен план и програма за предметот Физиологија на растенијата. Одбраните вежби се дел од наставната програма на овој задолжителен и заеднички предмет за сите насоки на Земјоделскиот факултет. Практикумот е наменет и за студенти од други научни области и образовни институции кои слушаат одредени содржини од прв, втор и трет циклус студии од областа на физиологијата на растенијата, како и за сите останати производни, стручни и научни чинители од областа на природните и биотехничките науки. Практикумот се состои од 12 вежби: 1. Значење на физиологијата на растенијата – Запознавање со живиот свет и филогенетско дрво; 2. Хемиски состав на растенијата – Значење и улога; 3. Воден режим кај растенијата – Дифузија и осмоза; 4. Воден режим кај растенијата – Транспорт и транспирација на водата; 5. Фотосинтеза – Хлоропластни пигменти; 6. Фотосинтеза – Светла и темна фаза на фотосинтезата; 7. Клеточно дишење – Глуколиза и кребсов циклус; 8. Клеточно дишење – Алкохолна ферментација; 9. Растителни хормони - Фитохормони и регулатори на растот, 10. Биотехнологија на растенијата - Култура на растителни клетки и ткива in vitro; 11. Биотехнологија на растенијата - Андрогенеза; 12. Физиологија на семе и плод - Физиологија на семето. Настојувавме материјалот да го презентираме на лесно разбирлив и едноставен стил соодветен за корисниците на овој практикум, со избор на едноставни, но важни вежби, за практично разбирање на физиологијата на растенијата. Сите забелешки од корисниците, за можните недостатоци и пропусти кои се случуваат при пишувањето на ваков материјал, ќе ги сфатиме како добронамерни, а во следните изданија ќе настојуваме да ги прифатиме.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology
Agricultural Sciences > Agriculture, forestry, and fisheries
Natural sciences > Biological sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Fidanka Trajkova
Date Deposited: 04 Feb 2013 18:01
Last Modified: 17 Feb 2017 09:56
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5490

Actions (login required)

View Item View Item