Планирање во туризмот

Petrevska, Biljana (2011) Планирање во туризмот. Самостоен издавач, Штип. ISBN 978-608-65319-0-4

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_biljana.petrevska_Desktop_Planiranje za spojuvanje_Planiranje vo turizmot.pdf

Download (619Kb) | Preview

Abstract

Проблематиката на примената на планирањето на развојот на туризмот е централна тема на оваа книга. Книгата е структурирана во четири дела кои меѓусебно се надоврзуваат и надополнуваат. Така, во рамките на првиот дел, акцентот е ставен на хетерогениот карактер на туризмот, со укажување дека станува збор за повеќедимензионална општествена активност која сé повеќе наметнува неодложна потреба од негово научно следење и истражување. Притоа, во рамките на овој дел, накратко е проговорено за следниве поважни прашања: туристичкиот пазар, туристичкиот производ, туристичките организации, туристичкото законодавство, како и неминовната потреба од постоење кохерентна и реална развојна туристичка политика. Од многубројните ефекти кои ги произведува туризмот, во рамките на овој дел, информативно се анализирани социо-културните влијанија и ефектите врз животната средина, притоа посочувајќи ги како позитивните, така и негативните влијанија. Вториот дел е во целост посветен на економските ефекти на туризмот, па последователно е направено разграничување помеѓу позитивните и негативните економски ефекти на туризмот, а во нивните рамки, подетаљно е проговорено за директните и индиректните влијанија. Централно место во овој дел зазема прашањето за мултипликативните ефекти на туризмот, а анализиран е и новиот туристички сметководствен систем, познат како туристичка сателитска сметка, кој воедно е презентиран како економски модел за развој на туризмот. Носечки дел на книгата претставува нејзиниот трет дел во кој детаљно е објаснет концептот на планирањето во областа на туризмот. Оттука, овој дел обилува со продлабочена анализа на пооделните фази на процесот на планирање, со посебен осврт на различните нивоа на кои тоа може да се спроведува: меѓународно, национално, регионално, субрегионално, па сé до одделна туристичка дестинација или атракција. Целината е заокружена со прашањата за составните елементи на концептот на планирањето во туризмот, како и значењето што го има тоа. Четвртиот дел прави чекор понатаму и се обидува да даде одговор на најважните прашања поврзани со планирањето на развојот на туризмот. Оттука, најнапред се разработени точките за туристичкиот развоен план, а притоа се анализирани најчестите грешки што се јавуваат во фазите на неговото формулирање и имплементација. Имајќи предвид дека мошне значаен сегмент во планирањето на развојот на туризмот претставува туристичката побарувачка, во овој дел е укажано и на потребата од нејзиното предвидување. Притоа, овој дел, а и целокупноста на трудот е заокружена со кратка анализа на најчесто употребуваните квантитативни и квалитативни методи и модели за предвидување, со цел да може да се согледаат нивните предности и недостатоци при нивна практична примена.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Biljana Petrevska
Date Deposited: 04 Feb 2013 18:19
Last Modified: 04 Feb 2013 18:19
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5479

Actions (login required)

View Item View Item