Теренско истражување с. Куклиш Употребата на зурлите и тапаните за време на пеливанските натпревари

Angelov, Goranco (2012) Теренско истражување с. Куклиш Употребата на зурлите и тапаните за време на пеливанските натпревари. [Video] (Unpublished)

[img]
Preview
Image
Зурлаџии.JPG

Download (2117Kb) | Preview
[img]
Preview
Image
Тапанџија.JPG

Download (2322Kb) | Preview
[img]
Preview
Image
Подготовка за борба (возрасни).JPG

Download (2838Kb) | Preview
[img]
Preview
Image
Подготовка за борба (млади).JPG

Download (1990Kb) | Preview
[img] Video
Теренско истражување с.Куклиш (Зурлата и тапанот за време на пеливанските борби).wmv

Download (80Mb)

Abstract

Пеливанските натпревари се традиција која останала од времето на Османлиското владеење во Македонија. Во повеќе делови на Македонија, оваа традиција е задржана и во 21 век. Во минатото (за време на владеењето на турците) на овие пеливански натпревари учествувале исклучиво турци, а по нивното повлекување од Балканот на кој припаѓа и денешна Македонија, почнуваат да учествуваат и припадници од сите етнички заедници кои живеат на оваа територија. Натпреварите се одвиваат на поголеми тревни површини како не би дошло до повреди на учесниците (во поново време натпреварите се одвиваат на селските игралишта). На натпреварите учествуваат учесници од разни делови на Македонија (мошне често има учесници и од други земји) кои се делат според возрастта , во посебни групи од кои се одбираат по двајца противници. Самиот натпревар вклучува истовремено борење на неколку парови (по двајца борачи – пеливани) кои се борат на разни страни од теренот и за секој пар има посебен судија одреден од организаторите на натпреварот. Самиот настан е пропратен со неколку ритуали кои во текот на одвивањето се придружени со музика изведена на зурли и тапани. Свирачите знаат во кој момент каква мелодија да свират односно, секој ритуал има посебна мелодија која се разликува по звучниот и мелодиско-ритмичкиот интензитет. Пред отпочнувањето на борбите, се свират мелодии кои што го наговестуваат подготвувањето пеливаните, односно тие изведуваат ритуал кој што им служи за загревање на мускулите пред борбата. Во текот на натпреварот музиката (темпото и мелодијата) се прилагодува според динамиката на борбите а завршува со музичка кулминација која наговестува крај односно завршување на борбата за некои од натпреварувачите кога поразениот излегува од теренот а победникот продолжува да се бори со друг победник.

Item Type: Video
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Goranco Angelov
Date Deposited: 31 Jan 2013 15:28
Last Modified: 31 Jan 2013 15:28
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5346

Actions (login required)

View Item View Item