Индустриска електроника

Sarac, Vasilija (2012) Индустриска електроника. ISBN 978-608-4504-64-1.

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/ugd/index.php?id=51

Abstract

Скриптата е поделена во осум поглавја. Во првото поглавје Вовед е даден преглед на подрачјето на примена на индустриската електроника и се објаснети основни поими од индустриската електроника како што се енергетските преобразувачи и електронските компоненти. Во второто поглавје Енергетски електронски компоненти е даден преглед и се објаснети активните и пасивните компонени кои се корстат во индустриската електроника како: отпорници, кондензатори, диода, SCR тиристор, GTO тиристор, BJT, MOSFET и IGBT транзистор при што авторот се задржува на основните принципи на работа на наведените електронски компоненти кои се неопходни за разбирање на материјалот кој е изложен во останатите поглавја. Во третото поглавје Исправувачи се објаснети основните принципи на претворување на наизменичниот напон во еднонасочен и е објаснета работа на еднофазните и трифазните исправувачи при што е направена една сеопфатна анализа на исправуавчите и од аспект на нивната управливост односно се преставени најшироко распространетите споеви на еднофанзите и трифазни управливи и неуправливи исправувачи. Во четвртото поглавје Инвертори се објаснети принципите на претворување на еднонасочниот напон во наизменичен и е објаснета работата на електронските уреди за ваквото претворување на напонот- инвертори. Нивната работа е илустрирана преку примери на најшироко застапените инвертори и се разработени конкретни примери на инвертори кои се призведуваат и наоѓаат примена во индустријата. Во петтото поглавје Насочувачи објаснети се основните принципи на реверзибилност на исправувачките и инверторските мостови и примената на насочувачите во управливите еднонасочни електромоторни погони. Во шестото поглавје Еднонасочни претворувачи објаснети се принципите на претворување на еднонасочниот напон во еднонасочен напон со различна аплитуда и се разработени најчесто застапените шеми на еднонасочни претворувачи. Во седмото поглавје Наизменични преобразувачи објаснети се принципите на добивање на наизменичен напон со променлива амплитуда и фреквенција и се разработени најчесто применуваните шеми на претворувачи на напон и фреквенција како со еднонасочно меѓуколо така и без еднонасочно меѓуколо. Нивната работа е објаснета и преку конкретните подрачја на примена. Во осмото поглавје Примена на енергетските преобрзувачи во управување на електромоторните погони дадена е една поширока анализа на примената на енергетските преобразувачи во управувањето на еднонасочните и наизменичните електромоторни погони при што заради целовитост на излагањето направен е краток осврт на основните принципи на работа на еднонасочните и наизменичните машини при што се дадени нивните основни равенства и параметри. Принципите на управување како на наизменичните така и на еднонасочните електромоторни погони се разработени етапно со голем број на шеми кои го објаснуваат принципот на работа на претворувачот како и влијанието кое го има врз работата односно промената на брзината на вртење на електромоторниот погон. Скриптата е наменета како наставно помагало за студентите на Електротехничкиот факултет во Радовиш.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Vasilija Sarac
Date Deposited: 03 Feb 2013 12:20
Last Modified: 08 Apr 2015 09:52
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5294

Actions (login required)

View Item View Item