Анализа на потрошувачка на триесетте најиздавани лекови на рецепт во транзицискиот период

Angelovska, Bistra and Stojadinovic Maleska, Slavica (2011) Анализа на потрошувачка на триесетте најиздавани лекови на рецепт во транзицискиот период. In: Fifth Congress of Pharmacy of Macedonia with International Participation, 21 – 25.09.2011, Ohrid, Macedonia.

[img]
Preview
Text
кон. охрид 2.pdf

Download (277Kb) | Preview

Abstract

Периодот на транзиција на Република Македонија го карактеризираат бројни промени што влијаат врз потрошубачката на лековите, навиките за пропишување и употреба на лековите како што се : значајните промени на фармацевтскиот пазар предизвикани од недостигот и нередовното снабдување со голем број на лекови од бившиот единствен југословенски пазар, финасиската нестабилност на државните фондови, добивањето на поголеми количества на лекови како хуманитарна помош во кризните периоди, промена на законската регулатива во областа на здравството и финансиите, промена на Позитивната листа на лекови, воведување на централизиран систем на снабдување преку објава на јавни тендери за лековите од Позитивната листа, воведување на централизирани набавки на лекови според INN и друго. Следењето на потрошувачката на лековите во периодот од 1990 до 2006 година претставува интересен предизвик за анализа. Цел на трудот е да направиме анализа на потрошувачката на триесетте најзастапени лекови по групи во издадените рецепти во 1990 година и понатаму да ја следиме потрошувачката на истите во 1991 година и 2006 година според податоците добиени со следење на компјутерски обработените издадени рецепти во аптеките во Р. Македонија. Методот на анализа на статистичките извештаи за издадени лекови на рецепт, систематизирани по АТС код и подредени според честотата на издавање по INN и заштитени имиња е користен при изработка на овој труд.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Medical and Health Sciences > Health sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Bistra Angelovska
Date Deposited: 12 Feb 2013 12:11
Last Modified: 12 Feb 2013 12:11
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5283

Actions (login required)

View Item View Item