Анализа на актуелната состојба на влашките компании во поглед на пристапот кон квалитетот на производите/ услугите

Mitreva, Elizabeta and Dimitrijeva, Vanga (2010) Анализа на актуелната состојба на влашките компании во поглед на пристапот кон квалитетот на производите/ услугите. In: Симпозиум за културата и цивилизацијата на Ароманците низ вековите, 15-18 октомври, 2010, МАНУ, Скопје.

[img]
Preview
Text
за влашките компании.pdf

Download (149Kb) | Preview

Abstract

Филозофијата на тоталниот менаџмент на квалитет (TQM) е длабоко навлезена во многу индустрии и деловни сфери на европските и други земји, но таа е присутна и во нашата земја, особено во некои влашки компании, кои со успех се претставуваат на глобален пазар. Новата TQM стратегија кон квалитетот (Total Quality Management), бара нови активности на полето на образованието на вработените, воведување стандардизација на сите процеси, воведување статистичка процесна контрола заради бездефектно работење, нов пристап во анализата на трошоците. Сето ова бара еден научен, методолошки, плански пристап, упорност и систематичност. Истовремено, тоа значи драстична промена во однесувањето на вработените, радикални промени во организационата поставеност, јасно дефинирање на правата, обврските и одговорноста на секој поединец. Особено критичен момент е долгорочноста на оваа филозофија, кога профитот не доаѓа “преку ноќ”. Во овој труд направена е анализа на некои влашки компании во РМ во поглед на тоа колку е прифатена TQM филозофијата и кои чекори ги презема топ менаџментот во поглед на квалитетот, конкурентноста, иновативноста, образованието. Клучни зборови: TQM (Total Quality Management) филозофија, стандардизација, континуирано унапредување на квалитетот, статистичка процесна контрола, анализа на трошоците, влашки компании.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Elizabeta Mitreva
Date Deposited: 01 Feb 2013 12:30
Last Modified: 01 Feb 2013 12:30
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5229

Actions (login required)

View Item View Item