Компетенции на наставникот менаџер

Petrova Gjorgjeva, Emilija and Atanasoska, Tatjana (2012) Компетенции на наставникот менаџер. Годишен зборник - Факултет за образовни науки. pp. 117-124. ISSN 1409-9187

This is the latest version of this item.

[img] Text
Компетенции на наставникот менаџер.docx

Download (26Kb)

Abstract

Менаџирањето со процесот на учење е сложена и одговорна работа за која е задолжен наставникот, па поради тоа неопходно е да поседува знаење но и вештини кои ќе му помогнат во ефикасното менаџирање со него. Сложен е поради тоа што наставникот е исправен и пред група и пред индивидуи, пред заеднички и посебни мотиви, предиспозиции, интереси, способности. Тој е исправен пред различни ученици кои произлегуваат од различна социјална средина, различни аспирации, и нивни и сопствени и на нивните родители, а пред се исправен е пред различни стилови на учење. Постојаното балансирање помеѓу општествените цели и аспирации кои му се налагаат однадвор на секое училиште помеѓу целите на родителите, целите на учениците и на крај на краиштата на реалните можности сето тоа да се реализира, нималку не му ја прават комотна и лагодна ситуацијата во која тој се наоѓа. Тој е постојано исправен пред ист избор и селекција на понудени научни знаења кои треба да ги постави пред учениците и да им помогне да дојдат до нив, но поважно од се е тоа што тој не смее да биде обичен трансмитер на тие знаења до учениците, туку на него останува да ги понуди најадекватните патишта со чие посредство секој од учениците ќе ги усвои тие знаења, но на начин на кој тие ќе станат нивна трајна своина т.е применливи во животот. Менаџирањето со процесот на учење подразбира адекватен избор на методи, правење на ефикасен план за учењето и подучувањето, поставување на краткорочни, среднорочни и долгорочни цели кои се реално остварливи и во склад со реалните потенцијали на учениците, тоа вклучува и реална проценка на постигнувањата на учениците, но и евалвација на целокупниот процес. Клучни зборови: наставник, менаџирање, компетенции

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Emilija Petrova Gorgeva
Date Deposited: 20 Aug 2013 09:09
Last Modified: 22 Aug 2013 13:58
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5147

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item