Правната рамка на мултимодалниот транспорт и правните односи помеѓу учесниците во мултимодалниот транспорт

Tusevska, Borka (2012) Правната рамка на мултимодалниот транспорт и правните односи помеѓу учесниците во мултимодалниот транспорт. Правник.

[img] Text
Правната рамка на мултимодалниот транспорт и правните односи помеѓу учесниците во мултимодалниот транспорт.doc

Download (103Kb)

Abstract

Воведни напомени Во последните неколку децении, транспортот на стоки доживува експанзија и тоа во неколку сегменти. Софистицираната транспортна инфраструктура и транспортни средства, развојот и имплементацијата на ИТ технологијата, модернизацијата на транспортните и логистичките услуги, придонесе кон брз, масовен и глобален трансфер на стоки ширум светот. Промените од овој вид, директно се одразија на потребата од создавање соодветна правна рамка, која што на симплифициран, унифициран и транспарентен начин ќе ги уредува и решава „проблемите“ на увозно-извозниот сектор, на транспортните и другите логистички компании. Бранот промени што го зафатија транспортниот и целиот логистички сектор, континуирано ги зголемува апетитите на увозно-извозниот сектор. Секојдневни се притисоците од увозниците-извозниците врз транспортерите. Ова како од аспект на подобрување на квалитетот и брзината на услугите, така и од аспект на проширување на пактот услуги кои што транспортерите ги нудат на пазарот. Во склоп на овој светски тренд, се наоѓа организирањето и спроведувањето на мултимодален транспорт на стоки од страна на транспортните, шпедитерските и другите логистички компании, мултимодални транспортни оператори (во понатамошниот текст МТО). Можноста да се превезуваат стоки преку користење на повеќе од едно транспортно средство постои толку долго колку што постои конвенционалното (unimodal) транспортирањето на стоки. Мултимодалниот транспорт (во понатамошниот текст МТ) не се појавува со појавата на контејнеризацијата. Сепак, глобално гледано, контејнеризацијата претставува катализатор на мултимодалниот транспорт. Во правната литература многу често овие два процеса се анализираат и елаборираат како условени еден од друг. Сепак, контејнеризацијата не е правен, туку технички концепт на транспортирање на стока, кој што првенствено придонесува за рационализацијата на транспортните трошоци и обезбедување поголема сигурност во преносот на стоки. На теренот на правото, контејнеризацијата создава правни импликации единствено кога се врзува со мултимодалниот транспорт. Попрецизно, мултимодалниот транспорт нужно ја наметува потребата од идентификување на правните односи помеѓу учесниците во мултимодалниот транспорт, и што е уште побитно, лоцирање на одговорниот субјект во синџирот субјекти и концентрирање на одговорноста за штета во еден од нив. Токму во овој сегмент се наоѓаат најкомплексните прашања во сферата на мултимодалниот транспорт, со кои што секојдневно се соочува бизнис заедницата, и тоа: во чие име и за чија сметка настапува мултимодалниот транспортен оператор, кој е одговорен за настанатата штета, кој има право на регрес и од кој, кое право е применливо за решавање на прашањето за одговорноста за штета, кој има право на лимитирана одговорност и колкава е таа, итн.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Borka Tusevska
Date Deposited: 25 Jan 2013 15:41
Last Modified: 25 Jan 2013 15:41
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5090

Actions (login required)

View Item View Item