Криза во постоечкиот менаџмент систем на македонските компании и потребата од прифаќање на TQM филозофијата I дел

Mitreva, Elizabeta (2010) Криза во постоечкиот менаџмент систем на македонските компании и потребата од прифаќање на TQM филозофијата I дел. Списание “Економија и бизнис”, XIII (145). pp. 12-17. ISSN 1409 - 6781

[img]
Preview
Text
br 145 2010.pdf

Download (91Kb) | Preview

Abstract

Во потрага по активна национална стратегија на нашата земја за излез од кризата, се наметнуваат многу прашања; дали за економскиот развој на земјата е доволно само таа да се ослободи од минатото, или е неопходно истовремено да се прифатат нови стратегии кои ќе креираат пробои кон нови повисоки цели, перформанси и вредности. Во исто време, треба да се даде и шанса на домашното образование, на способните, млади и креативни кадри од земјата и странство, да се подигне технолошкиот развој на повисоко ниво. Иако постојано се зборува за европски концепт на квалитетот, се нема сили тој вистински да се прифати и втемели во сите пори на компаниите. Потребата од прифаќање нова стратегија во проектирањето на менаџмент систем во македонските компании, темелена на TQM (Total Quality Management) филозофијата, бара многу помалку пари и време, а може да има исти или поголеми ефекти од големите инвестиции во опрема. Решението треба да се бара во унапредување на системот за квалитет преку примена на TQM стратегијата, развој на кадрите, воведување учење за унапредување на квалитетот, унапредување на процесите и тоа далеку порано, пред купување нова технологија. Сето ова наметнува повеќе системски напор во чија основа е: јако лидерство (нов стил на врвниот менаџмент, реално темелен на пазарната визија, политика и стратегија, системска ориентација и деловен морал кој ќе ја врати довербата меѓу менаџментот и вработените) и партиципација на сите вработени (спремност на кооперативност и тимска работа, која не ја гуши креативноста и индивидуализмот). Меѓу повеќето проблеми со кои се соочуваат македонските компании е и несоодветната образованост на врвниот менаџмент. Во денешно време имаме врвни менаџери кои се образувале во стариот систем и истите не ги прифаќаат промените што неминовно ги носи новото време. Компаниите сė без визија што понатаму и тешко можат да се адаптираат на потребите на купувачите/ корисниците. Ако менаџерите имаат визија каде се движи глобалната економија, што е она што купувачите го бараат од производот, сигурно е дека може да се најде решение за сите проблеми кои настануваат во опстојувањето на македонските компании. Обуката на врвниот менаџмент по светски терк, како и стекнување дополнителни знаења за проактивно делување во голем дел ќе влијае врз успешноста на македонските компании.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Elizabeta Mitreva
Date Deposited: 24 Jan 2013 11:14
Last Modified: 24 Jan 2013 11:14
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4965

Actions (login required)

View Item View Item