Методологија за менаџмент на квалитет во реконструкцијата и одржувањето на шински возила

Mitreva, Elizabeta (2007) Методологија за менаџмент на квалитет во реконструкцијата и одржувањето на шински возила. Masters thesis, Технолошко-металуршки факултет, Скопје,Универзитет „Св. Кирил и Методиј“– Скопје.

[img]
Preview
Text
магистерска- ELIZABETA MITREVA,1.pdf

Download (243Kb) | Preview
Official URL: http://webcache.googleusercontent.com/search?q=cac...

Abstract

Предметот на истражување во овој труд е поврзан со новиот пристап кон квалитетот кој треба да биде примарен и вграден во секој сегмент на функционирање на претпријатијата, а тоа бара воведување на многу нови елементи кои досега ги немало. Методологијата за менаџмент на квалитет ја применивме во процесите на реконструкција и одржување на шински возила. Во фабриката за шински возила неопходно е да се почитуваат железничките стандарди, стандардите за производство, монтажа, сервис и безбедност на транспорт на луѓе и добра. За да има непречено одвивање на деловните процеси е неопходна примена на стандардите ISO 9000, преку кои се изгради систем за обезбедување на квалитет. Со примена на методологија за менаџмент на квалитет во процесите на реконструкција и одржување на шински возила и примена на QC-CE моделот за развој на стандардните оперативни процедури се проектираа сите деловни процеси преку блок дијаграм. За остварување на поставените цели се бара и соодветна контрола. Можностите што ги даваат ISO 9000 стандардите ни овозможуваат дефинирање и активирање на контролните пунктови, со што ќе се спречи неквалитетен производ да оди кај купувачот. Но, добар систем за квалитет не значи само систем со кој ќе се обезбеди проектираниот квалитет, туку управување и оптимизирање на процесите. За таа цел, при проектирањето на стандардните оперативни процедури, се примени соодветна методологија за методите и техниките на статистичката процесна контрола за бездефектно производство и методологија за оптимизирање на трошоците. Се примени оптимизација на технолошкиот процес на калење на челик Ч1530 користејќи математичко моделирање. Се проектираше информациониот систем во функција на обезбедувањето квалитет и се даде предлог методологија за управување со животната средина. Новиот пристап кон квалитетот бара нови активности на полето на образование на вработените, воведување на стандардизација на сите процеси, воведување на статистичка процесна контрола и математичко моделирање на процесите, заради бездефектно работење, нов пристап во анализата на трошоците. Сето ова бара еден научен, методолошки, плански пристап, упорност и систематичност. Истовремено тоа значи драстична промена во однесувањето на вработените, радикални промени во организационата поставеност, јасно дефинирање на правата, обврските и одговорноста на секој поединец. На таков начин ќе се овозможи навреме да се спречат можните дефекти, навреме да се елиминираат проблемите со остранување на евентуалните причини. Сето ова не води кон примената на новата филозофија на тотално управување со квалитетот (TQM). Клучни зборови: квалитет, систем, TQM, интерна стандардизација, SPC, трошоци, образование и мотивација, методологија, континуирано унапредување, информациски систем.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Elizabeta Mitreva
Date Deposited: 25 Feb 2014 15:19
Last Modified: 25 Feb 2014 15:19
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4951

Actions (login required)

View Item View Item