Интегрален модел за проектирање и имплементирање на TQM системот во компании

Mitreva, Elizabeta (2011) Интегрален модел за проектирање и имплементирање на TQM системот во компании. Списание „Економија и бизнис”, XIV (153). pp. 20-25. ISSN 1409-6781

[img]
Preview
Text
br 153 2011.pdf

Download (104Kb) | Preview

Abstract

Со овој модел се нуди токму поддршката на топ менаџментот, здобиена поради прикажување на резултатите од имплементацијата на дел од методологиите во некои наши компании, и вклученост и посветеност на секој вработен, поради тоа што токму извршителите на процесите се оние кои ги подобруваат истите. Придобивки од предлог – методологијата за проектирање и имплементирање на TQM системот во компаниите Придобивки од методологијата за проектирање и имплементирање на TQM системот во компаниите се: 1. со примената на интерната стандардизација се подобрува одговорноста на вработените во реализација на деловните процеси; 2. со примената на статистичките методи и техники се смалуваат дефектите во работењето и е значајна придобивка, особено кога се бара утврден квалитет при најмали трошоци на работење; 3. со примената на софтверските пакети се зголемува ефикасноста во примената на статистичките методи и техники; 4. преку анализа на трошоците на квалитет може да се контролираат загубите и тие да се сведат на минимални во поглед на потрошувачката на материјали и енергија. Сепак треба да се има предвид дека без образование за овие области и континуирано образование најпрво на менаџерите, а потоа, преку нив, на сите вработени, не би можела да се примени оваа методологија и поред тоа, не би можеле да се оценуваат наведените придобивки од системот за квалитет. Покрај образованието, мотивацијата е исто така значајна моторна сила за остварување на системот за тотален менаџмент на квалитет.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Elizabeta Mitreva
Date Deposited: 24 Jan 2013 11:14
Last Modified: 24 Jan 2013 11:14
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4948

Actions (login required)

View Item View Item