Потребата од нова парадигма во квалитетот на деловната култура во македонските компании

Mitreva, Elizabeta (2011) Потребата од нова парадигма во квалитетот на деловната култура во македонските компании. In: Втората меѓународна научна конференција „Меѓународен дијалог: исток-запад“ (Култура, славјанство, економија), March 2011, Свети Николе.

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_elizabeta.mitreva_Desktop_MITREVA-1.pdf

Download (266Kb) | Preview

Abstract

Во овој труд е направена анализа во македонските компании во поглед на тоа колку е прифатена TQM (Total Quality Management) филозофијата и кои чекори ги презема топ менаџментот во поглед на квалитетот на деловната култура, конкурентноста, иновативноста, образованието. Анализата е направена во македонското стопанство и институциите во последниве години кога во нашето опкружување се случуваат крупни општествено - политички, економски и културни промени во рамките на процесот на транзиција кон демократско уредување и пазарно работење. Таквите промени се проследени и со промени во сите сегменти на живеење, а посебно во компаниите соочени со конкутентноста, сопственоста, одржливиот развој. Се повеќе се наметнува нов концепт на квалитетот на деловната култура, квалитетот на деловните процеси, производи/ услуги кој бара постојано да се менуваат луѓето, нивниот став, стил на работа, да заживее нешто ново. Во овој труд се предлага решение кое ќе доведе до унапредување на менаџмент системот во македонските компании преку прифаќање на новата TQM (Total Quality Management) филозофија и примена на нејзината стратегија, развој на кадрите и унапредување на процесите и тоа далеку порано, пред купување на нова технологија, посебно ИТ. Во овој труд се дадени смерници кои ќе им помогнат на компаниите да можат побрзо да одговорат на надворешните промени преку нивно внатрешно менување кое ќе овозможи нивно ефективно функционирање во новите услови. Тоа значи, развивање нов систем вредности и норми, нова култура која ќе го поддржи менувањето на досегашните начини на однесување и делување и развој на нови парадигми во согласност со барањата на новите услови. Трудот треба им користи на сите заинтересирани страни за пробивањето на новата парадигма за квалитетот не само во македонските компании, туку и во државната хиерархија и институциите на системот и да овозможи новата филозофија на TQM и креативностa да станат водечка сила во правец на создавање нова национална политика.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Elizabeta Mitreva
Date Deposited: 24 Jan 2013 13:15
Last Modified: 12 Nov 2013 15:02
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4943

Actions (login required)

View Item View Item