"Корелација помеѓу оралната хигиена, Ph на плунката и денталниот плак во фрекфенцијата на кариесот и негова контрола преку современи превентивни мерки (кај различна популација, Македонија и Грција)"

Apostolska, Sonja and Kovacevska, Ivona and Rendzova, Vasilka (2006) "Корелација помеѓу оралната хигиена, Ph на плунката и денталниот плак во фрекфенцијата на кариесот и негова контрола преку современи превентивни мерки (кај различна популација, Македонија и Грција)". [Project]

[img]
Preview
Text
PROEKT APSTRAKT.pdf

Download (95Kb) | Preview

Abstract

Етиологијата на кариозното заболување претставува мултикаузална, односно многу општи и локални, внатрешни и надворешни причинители земаат учество во појавата на ова заболување. Од општите би ги посочиле расата, возраста, генетската предиспозиција, половата застапеност, исхраната, ендокриниот систем, системски и општи заболувања и слично. Од локалните фактори кои влијаат на појавата и ширењето на кариозниот процес се микроорганизмите, плунката, оралната хигиена, поставеноста на забите, јатрогени фактори, професионални аномалии и слично. Што се однесува до механизмот на создавање на кариозните дефекти, се дефинираат егзогени теории кои причините ги бараат во надворешното влијание во устата, храната, површината на емајлот, дефекти во органскиот или неорганскиот дел, плакот, околните структури итн. Ендогените теории бараат причинители во пулпата, колагенот или фибробластите односно, механизмот на кариесот го поврзуваат со дискрепанци и пореметувања во пулпата и забните ткива кое од друга страна се манифестира со појава на кариес. Современите сознанија дефинираат неколку елементи кои поединечно или заедно допринесуваат во појавата и ширењето на кариесот а тоа се:  конфигурацијата и минералната конзистенција на забите, посебно површината на емајлот  денталниот плак  микроорганизмите во устата  плунката  оралната хигиена  јаглените хидрати  општата здраствена состојба  поставеноста на забите Како кариогени микроорганизми се сметаат од групата на стрептококи се Streptococcus mutans, sobrinus, Lactobacillus, acidofillus…, Actinomyces, и др. Во склоп на денталниот плак, распадот на остатоците од храна, јаглено хидратите, лепливоста на емајловата површина и плунката го покренуваат патолошкиот круг на делување и оштетување на органскиот и деминерализација на неорганскиот матрикс на забот. Ова се манифестира со деструирање и појава на кариес.

Item Type: Project
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Ivona Kovacevska
Date Deposited: 24 Jan 2013 12:57
Last Modified: 07 Oct 2013 11:15
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4929

Actions (login required)

View Item View Item