Заштита при работа во лабораторија - скрипта

Kamcev, Nikola and Danilova, Marina and Stefanova, Melsa (2007) Заштита при работа во лабораторија - скрипта. . (Unpublished)

[img]
Preview
Text
Skripta_Zastita pri rabota vo laboratorija.pdf

Download (2172Kb) | Preview

Abstract

Лабораториските работници во текот на својата работа се постојано изложени на разни штетни или заразни материјали и имаат зголемен ризик за настанување на разни повреди при работа. Во последните децении се увидело дека ова претставува сериозен проблем и затоа разни институции почнале да изработуваат водичи за стандардни инструкции за заштита при работа во лаборатории. Светската здравствена организација (СЗО) во 2004 го објавува третото издание на “Прирачникот за биолошка безбедност” со што продолжува со меѓународното водство на планот на биолошката безбедност. На Факултетот за медицински науки при Универзитетот “Гоце Делчев” е воведен предметот “Заштита при работа во лабораторија”, кој е базиран на прирачникот од СЗО и друга најнова литература што се однесува на биолошка безбедност. Оваа скрипта има за цел да им помогне на студентите да се оспособат за лична заштита при работа во лабораторија во тек на студирањето и во тек на идната работа. Студентите ќе се запознаат со типовите на лаборатории според нивото на биолошка безбедност и ќе научат како правилно да се однесуваат во секоја од нив; ќе се запознаат со основниот лабораториски прибор и лична заштита, ќе научат како правилно се постапува со медицинскиот отпад, ќе се запознаат со основните лабораториски техники, дезинфекција и стерилизација; ќе ги научат принципите на транспорт на инфективен материал и ќе научат како да постапуваат при непредвидени ситуации.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Marina Danilova
Date Deposited: 24 Jan 2013 11:33
Last Modified: 09 Apr 2015 10:32
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4925

Actions (login required)

View Item View Item