Бизнис комуникации - теорија и практика

Mitreva, Elizabeta (2010) Бизнис комуникации - теорија и практика. 005.96, XIV . Bigoss, Skopje. ISBN 978-9989-44-148-6

[img]
Preview
Text
Kniga Biznis Komunikacii-predni.pdf

Download (492Kb) | Preview

Abstract

Комуникацијата е есенцијална вештина за Вашиот иден успешен бизнис и за успешни лични врски и релации. Добрите комуникациски вештини се клуч за деловен успех, па затоа оваа книга ќе Ви овозможи да ја совладате умешноста на говорење, слушање и размислување – клучни вештини во насока на промовирање на себереализацијата, засилување на самодовербата и кревање на нивото на разбирање меѓу вработените и околината. Комуникацијата има влијание секаде каде што ќе се појавиме, може да ја користиме за да влијаеме врз секоја интеракција со околината на позитивен начин, со развивање на неопходните вештини за ефикасно и ефективно комуницирање. Оваа книга ќе Ви помогне да ги подобрите комуникациите во Вашата компанија и врз основа на вистински информации ја креирате визијата, мисијата и политиката на квалитет, односно проектирате и имплементирате систем за тотално управување со квалитетот. Во оваа книга ќе добиете корисни насоки како да проектирате и имплементирате информацион потсистем како дел од TQM (Total Quality Management) системот, како да ги зајакнете менаџерските функции, што ќе доведе до квалитет на деловните процеси, производи/ услуги. Програмата во оваа книга ќе Ви овозможи да низ практични вежби и активности се стекнете со стратегии и техники за подобрување на Вашите комуникациски вештини како: • организирање презентации и јавно говорење; • моќта на говорот; • говорот на телото; • интонацијата при говорењето; • организирање ефикасни состаноци; • позитивна и ефикасна евалуација; • зголемување на самодовербата во јавните настапи и во настапите пред колегите; • ефикасна организација на јавните настапи; • моќта за убедување и мотивирање, како и одржување на интересот на публиката (важноста на изборот на зборови); • практични совети како да ја подобрите комуникацијата со Ваши деловни партнери од светот. Оваа книга е наменета и за сите деловни луѓе кои се заинтересирани за унапредување на деловните процеси во нивните компании, унапредување на деловните комуникации внатре во компанијата и кон околината, како и подобрување на сопствените комуникативни вештини и настапи во јавноста. Ќе се обработат повеќе тематски целини и тоа: • теориски аспекти на комуникациите; • одговорноста на топ менаџментот за обезбедување квалитет на деловните комуникации; • проектирање на информацион потсистем; • способност на менџментот - услов за градење добар информацион систем (работа во тимови и групи); • комуникациски вештини; • презентациски вештини; • вештина на преговарање. Зошто Ви е потребна оваа книга? Подобрувањето на деловните комуникации и градење добар информацион потсистем значи унапредување на деловните процеси, зголемена мотивираност на вработените, подобра работна атмосфера, а како најглавно, задоволен купувач, но тоа се оние резултати кои навидум не се мерливи, но се многу значајни за опстанок на компаниите и нивен одржлив развој. Преку проектирање на информациониот потсистем за квалитет се проектира добар документиран систем за квалитет на сите деловни процеси и претставува основа за успешна примена на методите и техниките на квалитет и ефикасна тимска работа. Притоа, се остварува вертикална, хоризонтална и дијагонална поврзаност помеѓу вработените, според структурата на пирамидата. Така да, обезбедувањето квалитет во компанијата, е проследено со текот на информациите согласно текот на стандардната оперативна постапка (SOP). На ваков начин, се подобрува неговата ефикасност и ефективност, во поглед на текот на информациите за квалитетот и воспоставување поефикасен систем на контрола. Преку предложениот QC-CE (Quality Cirle-Cause and Effect) модел за квалитет се дефинираат обврските и одговорностите на сите вработени. На тој начин се создаваат правила на однесување и се постигнуваат добри меѓучовечки односи. Оваа книга ќе Ви овозможи да го подигнете квалитетот на Вашите деловни комуникациски способности на високо и достојно ниво, кое во понатамошното Ваше работење во деловниот живот ќе Ви донесе полесна и посигурна позиција за преговарање и делување во бизнис опкружувањето. Воедно ќе придонесе: • да бидете вешти во брзо структуирање на Вашите мисли; • да знаете како да ги препознаете и анализирате потребите на оние кои Ве слушаат; • да можете да го дадете она што е потребно, за да ја остварите Вашата цел; • да ги научите тајните на деловната комуникација. Оваа книга прифатете ја како обука наменета за јакнење на индивидуата. Умешноста на комуникација води до зголемување на Вашата самодоверба, продуктивност и успех на компанијата.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Elizabeta Mitreva
Date Deposited: 23 Jan 2013 11:55
Last Modified: 23 Jan 2013 11:55
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4894

Actions (login required)

View Item View Item