Промоцијата – алатка за успешна приказна на производот (од идејата за производство до продажбата на производот)

Dimitrova, Janka and Andonovski, Miroslav (2012) Промоцијата – алатка за успешна приказна на производот (од идејата за производство до продажбата на производот). In: „Улогата на медиумите во промоцијата на производите и услугите“, 14-ти и 15-ти јуни 2012, Европски универзитет, Република Македонија, Скопје.

[img]
Preview
Text
ПРОМОЦИЈАТА – АЛАТКА ЗА УСПЕШНА ПРИКАЗНА НА ПРОИЗВОДОТ.pdf

Download (334Kb) | Preview

Abstract

21 – век, време на турбулентно бизнис окружување, остра конкуренција и се попребирливи купувачи кои го сакаат најдоброто за своите пари. Во вакви услови, маркетингот не е луксуз, туку неопходна алатка за да се постигне највисок обем на продажба и задоволителни финансиски резултати. При пласманот на своите производи компаниите мора да креираат успешна комбинација на вистински производ, со прифатлива цена, што ќе биде на вистинско место, претставен со најдобра промоција. Имајќи во предвид дека производот минува низ голем број фази (од осознавање на идејата, преку испитување на идејата, изготвување на претфизибилити и физибилити студија, инвестиција во капитални добра и самата реализација на производниот процес), најпрвин е неопходно квалитетно маркетинг истражување за потребите на пазарот. Откако ќе се донесе одлуката за инвестирање, неопходна е активна промоција кај потенцијалните инвеститори (за да се обезбедат средства за реализација на инвестицијата), кај локалните власти (да се обезбедат потребните дозволи и решенија за локациона поставеност на приозводните капацитети), кај пошироката локална јавност (за да се обезбеди квалификувана работна сила) и кај сите потенцијални купувачи на производот. Значи, промоцијата постои и треба да постои, уште пред започнување на бизнисот и уште пред завршување со развој на производот и/или услугата. Промоцијата ги претставува сите комуникациски и оперативни активности кој имаат за цел информирање, презентација и зголемување на продажбата со што би се остварило позитивно мислење за производите, а со тоа истите би биле купени. Постојат бројни канали за привлекување на клиенти преку директен маркетинг, а некои од нив се: директна продажба, директна пошта, каталог маркетинг, телемаркетинг, телевизија, on-line маркетинг итн. Активната медиумска кампања, го носи приматот кон остварување на целите на производството – производот да се пласира до крајните потрошувачи по прифатливи цени и да се остварат задоволителни финансиски резултати. Клучни зборови: промоција, производ, информирање, конкуренција, купувачи, маркетинг

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Janka Dimitrova
Date Deposited: 23 Jan 2013 14:30
Last Modified: 23 Jan 2013 14:30
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4862

Actions (login required)

View Item View Item