Елаборат за оскултација на браната на флотациското јаловиште на рудникот „САСА” - М. Каменица за 2008

Krstev, Boris and Golomeov, Blagoj (2009) Елаборат за оскултација на браната на флотациското јаловиште на рудникот „САСА” - М. Каменица за 2008. [Project]

[img]
Preview
Text
Project 15 ЕЛАБОРАТ 2009 саса.pdf

Download (1810Kb) | Preview

Abstract

Јаловиштето на рудникот „Саса” во М. Каменица служи за одлагање на флотациската јаловина (пулпа) добиена со технолошкиот процес - флотација на минералите на олово и цинк. Флотациската јаловина преку пулповод гравитационо се доведува до јаловиштето, каде што пред депонирањето се класира на два производа. Со хидроциклонирање на флотациската јаловина, пред депонирањето се добива: песок од хидроциклонот, со кој, со природно одлагање, се изведува низводната брана на јаловиштето, и прелив од хидроциклонот, со кој се заполнува таложното езеро на јаловиштето. Според главниот проект за Новото јаловиште ,,Долина на Саска Река - I и II фаза”, од 1980 година, низводната брана од песок на јаловиштето е предвидено да се насипува во влажна состојба, во слоеви од 2.5 м, со широчина во круната од 5.0 м, и со наклони на косините - узводна м1 = 1.5 и низводна м2 = 2.75, со надвишување од 2.0 м над таложното езеро.

Item Type: Project
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Aleksandar Krstev
Date Deposited: 04 Feb 2013 14:55
Last Modified: 04 Feb 2013 14:55
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4798

Actions (login required)

View Item View Item