За оскултација на новото хидројаловиште на рудникот „САСА" – М. Каменица

Krstev, Boris and Golomeov, Blagoj and Popovski, Risto and Krstev, Aleksandar (2008) За оскултација на новото хидројаловиште на рудникот „САСА" – М. Каменица. [Project]

[img]
Preview
Text
Project 8 proekt oskultacija sasa 2008 godina.pdf

Download (1517Kb) | Preview

Abstract

Врз основа на изготвениот Проект за техничко набљудување- оскултација на новото хидројаловиште на рудникот “Саса” според постојните законски легислативи и норми може да се изведат следниве констатации, заклучоци и препораки: * Во склоп на Проектот се опфатени сите потребни активности за комплетно дефинирање на визуелната, геодетската, инструменталната и сеизмичката оскултација според важечките законски прописи како за висока брана под посебна контрола; * Типот и начинот на вградување на инструментите предвидени за инструментална и сеизмичка оскултација треба да бидат прецизно дефинирани од страна на понудувачот на опремата, додека граничните големини за мерните величини ќе се определуваат за моменталната состојба на хидројаловиштето и акумулацијата; * При понатамошна експлоатација и доизграденост на хидројаловиштето би требало да се анализира напонско-деформабилната состојба со реални геомеханички параметри, динамика на градење и степен на консолидација, додека провирната линија би била дефинирана врз основа на читањата од постоечката пиезометарска мрежа; * Инвеститорот е должен да формира екипа и да води дневници во кои ќе ги евидентира резултатите од техничкото набљудување на хидројаловиштото согласно временскиот план на набљудување; * Со оглед на тоа што во сегашни услови се мерат количините на вода кои истекуваат од дренажите и колекторот заедно, потребно е издвоено следење на количините на вода од колекторот. * Количината на мерни инструменти за порни и тотални притисоци и инклинометри изнесува (8+8+8) од кои 4 инклинометри на сите предвидени35 профили и тоа 4 на 920 мнв и по 2 на 935 мнв и 2 на 940 мнв, а истото се однесува и за мерните инструменти за порни и тотални притисоци (8+8) во распоред 4 на на 920 мнв и по 2 на 935 мнв и 2 на 940 мнв. * Количината на мерните инструменти-пиезометри вкупно изнесува 25, од кои 6 на круната од браната, 9 по боковите од јаловината-песокот во возводниот дел од хидројаловиштето и 10 во самото тело на браната, во ножиците на возводниот дел од хидројаловиштето. * Тригонометриската мрежа за геодетско снимање со мерни инструменти ќе се обезбедува со 4 стари мерни места, кои треба да се преместат или префлат на повисоки коти од сегашните во низводниот дел од браната во таложното езеро, и 4 нови мерни места на карпестиот дел од возводната страна на хидројаловиштето.

Item Type: Project
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Aleksandar Krstev
Date Deposited: 04 Feb 2013 14:52
Last Modified: 04 Feb 2013 14:52
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4792

Actions (login required)

View Item View Item