За оскултација на флотациско хидројаловиште на рудникот за бакар „Бучим" – Радовиш за 2009 година

Krstev, Boris and Golomeov, Blagoj and Popovski, Risto and Krstev, Aleksandar (2010) За оскултација на флотациско хидројаловиште на рудникот за бакар „Бучим" – Радовиш за 2009 година. [Project]

[img]
Preview
Text
Project 7 Project 1 bucimoskultacija.pdf

Download (1848Kb) | Preview

Abstract

Визуелното набљудување има за цел директно да ги следи промените на јаловиштето во услови на експлоатација и после завршување на експлоатацијата. Визуелните набљудувања се состојат од дневни, повремени и вонредни набљудувања. Дневните набљудувања ги вршат лицата задолжени за работа на јаловиштата, повремените ги врши одговорниот инженер на погонот флотација, а вонредните се вршат по потреба од страна на поширок стручен состав, вклучувајќи ги проектантот, стручни лица од организацијата, а понекогаш и стручни лица од други области, пр. екологисти и сл. Секојдневните набљудувања се вршат постојано во секој момент, обично од по едно лице во смена. Повремените, главниот инженер ги врши еднаш неделно или два пати месечно. Овие два вида на набљудувања се вршат редовно, а вонредните (по потреба) визуелни набљудувања се вршат многу ретко, после земјотреси, силни поројни дождови или несакани настанати хаварии. За поважните визуелни констатации се водат книги кои можат да бидат: сменски, дневни, месечни и годишни извештаи, а обично содржат: - состојба на системот за хидротранспорт; - состојба на хидроциклоните; - пукнатини на круната на браната; - деформации на јаловиштето или на околниот терен; - големина и положба на таложното езеро во однос на насипот (браната); - бистрина (чистота) на водата и визуелни согледувања за промена на протокот на водата од преливниот колектор и дренажната цевка;

Item Type: Project
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Aleksandar Krstev
Date Deposited: 04 Feb 2013 15:17
Last Modified: 04 Feb 2013 15:17
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4791

Actions (login required)

View Item View Item