Рационално искористување на необновливи ресурси во рудникот за олово и цинк Саса

Krstev, Boris and Golomeov, Blagoj and Golomeova, Mirjana and Krstev, Aleksandar (2008) Рационално искористување на необновливи ресурси во рудникот за олово и цинк Саса. [Project]

[img]
Preview
Text
OBUKA 10.pdf

Download (726Kb) | Preview

Abstract

Експлоатацијата на наоѓалиштата на минерални суровини и нивната подготовка негативно влијаат на животната средина. Минералните суро-вини се појавуваат во сите категории во животната средина кои треба да ги заштитиме. Потребите за енергетски суровини, руди, неметали и друго и понатаму се битни, без оглед на помалите или поголеми регионални депресии на рударството. Минералните суровини спаѓаат во необновливи ресурси. Иако ин-тензивно се работи на супституцијата на минералните суровини, физички- от обем на експлоатација постојано се зголемува, воглавно од две причини: - поради зголемените потреби на зголемениот број на жители и нивниот стандард; - поради се послабиот квалитет на минералните суровини шти изискува помасовно производство; Фокусот на современото светско рударство дефинитивно се поместува од развиените европски земји во другите земји на Африка, Азија, Јужна Америка и Австралија. Овие тенденции не се нови, туку се присутни во последните 40-тина години, а последица се на многу фактори: недоста-токот на богати наоѓалишта, помали трошкови за работна сила, високи стандарди за заштита на животната средина во развиените земји итн. Светското рударство се катрактерзира во овој момент со следните фактори: - релативно послаби квалитети на резервите на минералните суровини и се поголемата длабочина за експлоатација; - висок степен на механизранот на сите процеси при експлоа-тација и минералната технологија; - висок степен на искористеност на аоѓалиштата; - големи вложувања во сигурноста на работата и заштитата на околината; Тргнувајќи од прифатенте ставови дека животната средина е загрозена поради осиромашувањето на природните ресурси, ерозијата на природната средина и загадувањето на околината, може да се констатира дека рударството како човечка активност, негативно влијае на животната средина со сите свои аспекти. Оваа влијание е понекогаш поголемо или помало, но е евидентно и неопходно е да се дефинира за секоја рударска единица, регион или држава.

Item Type: Project
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Aleksandar Krstev
Date Deposited: 04 Feb 2013 15:13
Last Modified: 04 Feb 2013 15:13
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4777

Actions (login required)

View Item View Item