Улогата на социјалните партнери во колективното преговарање во Република Македонија во периодот 1990 - 2012

Majhosev, Andon (2012) Улогата на социјалните партнери во колективното преговарање во Република Македонија во периодот 1990 - 2012. НУУ Библиотека „Гоце Делчев“, Штип. ISBN 978-9989-147-88-3

[img]
Preview
Text
CIP KNIIGADOKTORAT.pdf

Download (391Kb) | Preview

Abstract

Историски гледано производните односи од секогаш биле противречни и конфликтни. Нивната противречност произлегува од различната положба и интереси на трудот и капиталот во производниот процес и општеството. Работникот имал потреба од достоинствен третман на неговиот труд, кој ќе биде соодветно платен за нормален живот на неговото семејство. Интересот на работодавачот бил да го оплоди својот капитал, односно да оствари што повисок профит на сметка на трудот на работниците. Овие односи биле нормативно-правно регулирани од страна на државата преку закони и други правни норми. Односите помеѓу работниците и работодавачите по природа се конфликтни и тие на одреден начин ја одразуваат моќта на социјалните партнери. Колективното преговарање преставува само еден аспект на односите меѓу овие два социјални партнери. Колективното преговарање како цивилизациска придобивка на работничкото и синдикално движење, преставува историска пресвртница во општествениот третман на трудот, од наемен во работен однос, односно во општествено-економски однос. Наемниот однос како единствена врска меѓу трудот и капиталот беше доминантен во периодот на либерализмот, каде принудата и индивидуалната волја биле основните карактеристики на работниот однос. Во правната теорија и праксата наемниот однос во основа се третира како приватна работа на работникот и работодавачот, кои всушност се два партнери со нееднаква општествена моќ. Поради неподносливата експлоатација и лошите услови за работа, работниците почнале да се организираат во синдикати кои колективно ги застапувал работничките права и интереси преку колективно преговарање. Така, индивидуалниот бил заменет со колективен настап преку институтот колективно преговарање. На тој начин наемниот однос се промовира во договорен однос кој се заснова на колективната волја на партнерите во договарањето.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Law
Social Sciences > Other social sciences
Social Sciences > Political Science
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Andon Majhosev
Date Deposited: 29 Dec 2012 17:40
Last Modified: 27 Jan 2015 09:04
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4735

Actions (login required)

View Item View Item