Потекло и адаптација на турскиот суфикс -ли /-Lİ/ (-lı, -li, -lu, -lü) во македонскиот јазик (Origin and Adaptation of the Turkish Suffix -li in the Macedonian Language)

Leontik, Marija (2012) Потекло и адаптација на турскиот суфикс -ли /-Lİ/ (-lı, -li, -lu, -lü) во македонскиот јазик (Origin and Adaptation of the Turkish Suffix -li in the Macedonian Language). Литературен збор. (Submitted)

WarningThere is a more recent version of this item available.
[img] Text
m-leontik-napis-za-literaturen zbor-2012.docx

Download (39Kb)

Abstract

Апстракт: Во историскиот развој на македонскиот јазик навлезени се голем број на турски лексички заемки со турскиот суфикс -ли (-lı, -li, -lu, -lü). Со текот на времето овој суфикс во македонскиот јазик покажа омиленост, прифатеност и продуктивност. До стандардизацијата на македонскиот јазик, суфиксот -ли навлегувал со изворната форма, во помал број примери останувал таков, а во најголем број случаи доживувал спонтани адаптации (-лија, -лиа, -лја, -лика, -лијка, -личка, -личе, -лијче) зависно од фонетските особености на македонските говори. По стандардизацијата на македонскиот јазик најчесто се користи адаптираната форма -лија, а изворната форма -ли е својствена за одредени лексички слоеви. Со нормирањето, другите форми не се внесени во литературниот македонски јазик, но можат да се сретнат во македонските говори и дијалекти. Клучни зборови: турскиот суфикс -ли, изворна форма на -ли, адаптирана форма на -ли, хибридни полиморфемни суфикси со -ли. Abstract: In the course of the historical development of the Macedonian language a large number Turkish lexical borrowing with the Turkish suffix -li (-lı, -li, -lu, -lü) were adopted. The suffix was gladly accepted and has proven its productivity. Up until the standardization of the Macedonian language, the suffix -li, was adopted in its original form, in small numbers remained as such, and in large number of cases was adapted (-лија, -лиа, -лја, -лика, -лијка, -личка, -личе, -лијче) depending on the phonetic peculiarities of Macedonian vernacular. After the standardization of the Macedonian language, the most used form is -лија, and the original form -ли, is characteristic for certain lexical layers. With the standardization, the other forms are not incorporated in the literary Macedonian language, although they can be found in Macedonian vernacular and dialects. Key words: The Turkish suffix -ли, original -ли form, adapted -ли form, hybrid polymorphic suffixes with -ли.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Leontik
Date Deposited: 21 Jan 2013 14:32
Last Modified: 21 Jan 2013 14:32
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4709

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item