Превенција и рано откривање на кардиоваскуларни заболувања над 18-годишна возраст

Panevska, Frosina (2012) Превенција и рано откривање на кардиоваскуларни заболувања над 18-годишна возраст. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_ЛЕКТОРИРАН СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРУД.pdf

Download (799Kb) | Preview

Abstract

Болeстите на срцето и на крвните садови се најчести заболувања во сите развиени земји во светот, како по морбидитет, така и по морталитет. Тренд на пораст на овие заболувања постои во земјите во развој. Дали порастот на заболувањата на срцето и на крвните садови во Република Македонија е неверојатен? Според официјалните податоци во нашата држава во 1976 година 3.656 луѓе, односно 29,5% умреле од кардиоваскуларни заболувања, а во 1996 година дури 8.878 или 53,5%. Кардиоваскуларните болестиво последниве децении добиваат епидемиски размери, со карактер на најинтензивна космополитска агресија која не штеди ниту една раса, нација, возрасна група, пол и професија. Пациентите кои покажуваат симптоми на кардиоваскуларни болести имаат висок ризик за понатамошна прогресија на болеста, поради што кај нив е потребна промена во стилот на живеењето, дури и терапијата со лековите насочени кон модифицирачките ризик-фактори (хиперлипидемијата, зголемениот крвен притисок) со цел да се превенира натамошниот развој на кардиоваскуларните заболувања. Скринингот – кој подразбира начин на откривање на заболувањето или неговите ризик-фактори пред тие да станат клинички манифестни,кај пациентите со ризик од кардиоваскуларните заболувања игра особено важна улога и во примарната и во секундарната превенција на кардиоваскуларните заболувања. Во примарната и во секундарната превенција од кардиоваскуларните заболувања препораките се насочени кон промена на стилот на живеење кон лекувањето на хиперлипидемијата, хипертензијата, дијабетот и другите ризик-фактори. Високоризичната популација, како и пациентите со манифестни кардиоваскуларни заболувања, треба најпрво да го сменат стилот на живеење со престанок на пушење, со избор на здрава храна што содржи помалку заситени масти и холестерол, со обид да се одржува идеална телесна тежина и да се зголеми физичката активност.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Medical and Health Sciences > Health sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 27 Dec 2012 15:10
Last Modified: 27 Dec 2012 15:10
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4653

Actions (login required)

View Item View Item