Анекс на проектот за оскултација на хидројаловиште број 3 фаза 2 на рудник „Саса“ - Мак.Каменица

Golomeov, Blagoj (2012) Анекс на проектот за оскултација на хидројаловиште број 3 фаза 2 на рудник „Саса“ - Мак.Каменица. [Project] (Unpublished)

[img] Text
Aneks_oskult..pdf

Download (2337Kb)

Abstract

Врз основа на Изведбениот проек за хидројаловиште “САСА” – М. Каменица за II фаза до кота 960 мнв, изработен од страна на Градежен факултет – Скопје во Јуни 2006 г., во јануари 2008 год е изработен Проект за оскултација на истото, од страна на Универзитет “Гоце Делчев”-Штип, Факултет за природни и технички науки, Институт за рударство. Со надвишувањето на хидројаловиштето во согласност на Изведбаниот проект за надвишување на хидројаловиштето бр.3, фаза II, на Рудник Саса ДООЕЛ– М.Каменица, од кота 960 мнв до максимално можно ниво, за годишно производство од 900,000 t руда, исто така, изработен од страна на Градежен факултет – Скопје во Март 2011 г, неминовно се наметна потребата од дополнување на Проектот за оскултација, во вид на Анекс кон истиот, со дефинирање на постапки и мерки кои ќе обезбедат ефикасен мониторинг во согласност со законската регулатива. Ова, поради тоа што, со надвишувањето на хидројаловиштето, во значителна мера, се менуваат неговите физички карактеристики. Имено, вкупната зафатнина на телото од браната од кота 962 м.н.в. до кота од 975 м.н.в. се зголемува за 686 377 m3, додека зафатнината на таложното езеро од кота 960 м.н.в. до, според Изведбениот проект за надвишување, максималната кота од 972 м.н.в. се зголемува за 1 415 856 m3, или вкупно габаритот на хидројаловиштето бр. 3 фаза 2 на Рудник Саса се зголемува за 2 102 233 m3. Истовремено површината на низводната косина на телото на браната се зголемува од 28 898 m2 за кота 962 м.н.в. на 42 477 m2 за кота 975 м.н.в.

Item Type: Project
Subjects: Engineering and Technology > Environmental engineering
Engineering and Technology > Materials engineering
Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Blagoj Golomeov
Date Deposited: 26 Dec 2012 13:16
Last Modified: 26 Dec 2012 13:16
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4526

Actions (login required)

View Item View Item