Извештај:од археолошките ископувања на локалитет Калимерово

Nacev, Trajce and Stojanovski, Darko (2012) Извештај:од археолошките ископувања на локалитет Калимерово. [Project] (Submitted)

[img] Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_trajce.nacev_Desktop_извештај Kalimerovo.doc

Download (532Kb)

Abstract

Во месец Декември 2012 година, во текот на четири работни дена, беа изведени теренски археолошки истражувања на локалитетот Калимерово. Истражувањата се дел од поширокиот проект "Пајонски утврдувања, населби и некрополи по долината на река Брегалница", чиј носител е Универзитет "Гоце Делчев" од Штип, под раководство на Доц. Д-р Трајче Нацев. Археолошкиот локалитет Калимерово се наоѓа на 3,6 км. југозападно од Штип, до самиот пат Кочани – Радовиш. По претходно извршено рекогносцирање на околниот терен, беше поставена сонда 1 на локација на која беше утврдена повисока концентрација на фрагменти од градежна и садова керамика на површината. Ископувањата се вршеа на рамна речна тераса на десниот брег на р. Брегалница. Сонда 1 е со димензии 2х3 метра, позиционирана по страните на Светот (С-Ј = 2м. и И-З = 3м.). Уште од самиот почеток беа вклучени студенти од катедра Археологија и Историја на Факултетот за образовни науки при УГД. Целта на овие истражувања беше да се утврди вертикалната стратиграфија на локалитетот. Беше достигната вкупна длабочина од 1,1 м. при што беа утврдени пет слоја.

Item Type: Project
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Trajce Nacev
Date Deposited: 26 Dec 2012 09:41
Last Modified: 26 Dec 2012 09:41
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4443

Actions (login required)

View Item View Item