Античката патна комуникација

Nacev, Trajce (2013) Античката патна комуникација. Сборник доклади на научния симпозиум с международно участие, Самоков, Р. Бугарија.

[img]
Preview
Text
Patnata kominkacija.pdf

Download (1003Kb) | Preview

Abstract

Патната мрежа е опфатена со поеднинечно обработени патни релации. Меѓу најстарите патни правци со кој Брегалничкиот басен бил поврзан со Повардарието е лакавичкиот пат кој се движел по десниот брег на реката Лакавица и тоа започнува од устието на реката Лакавица во Брегалница кај селото Софилари и оди кон селата Драгоево и Селце, потоа преку Конче и преслапот кај селото Костурино се спушта кон долината на Вардар. Истиот пат продолжува да функционира и во римскиот период, на што укажуваат тумуларните погребувања покрај него. Со изградбата на т.н Дијагонален пат од Хераклеја кон Пауталија, Лакавичкиот го губи својот примат и станал пат со секундарно значење поврзувајќи ги Радовишко и Струмичко со овој дел од Македонија. Еден од најфреквентните антички патишта бил Дијагоналниот пат кој во оваа област се дели на два правци и тоа: преку Мушанци - Енешево и преку Мушанци - Џидимирци - Хаџи Сејдели се спуштал кон устието на реката Лакавица во Брегалница и во непосредна близина на Софилари се спојувал со Лакавичкиот пат. Друг патен правец се движел од Софилари кон Астибо и Пауталија. По јужниот раб на долината на реката Брегалница водел пат од Астибо кон Баргала во должина од 13 км. Од Баргала кон север продолжувал кон Моробиздон во должина од 19 км. Од Моробиздон во должина од 9 км. патот продолжува кон Виница. каде се дели во два правци, кон Пауталија и Партикопол.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Trajce Nacev
Date Deposited: 25 Dec 2012 13:54
Last Modified: 05 Aug 2015 09:32
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4411

Actions (login required)

View Item View Item