Првиот македонски учебник по пијано на Лепша Пиперковска

Skarik, Milica (2003) Првиот македонски учебник по пијано на Лепша Пиперковска. Воспитание - Списание за теорија и практика (2003-04) (4-5). pp. 178-183.

[img]
Preview
Text
ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ УЧЕБНИК ПО ПИЈАНО НА ЛЕПША ПИПЕРКОВСКА.pdf

Download (195Kb) | Preview

Abstract

Универзитетскиот професор Лепша Пиперковска е родена во 1932 година во Скопје. По завршувањето на гимназијата во Скопје и средното музичко училиште во Загреб, таа дипломирала на Факултетот за Музичка Уметност во Белград во класата по пијано на проф. Станка Врињанин. По дипломирањето таа исклучиво работи како педагог. Во 1954 година се вработува во средното музичко училиште во Скопје како наставник по предметите пијано и методика на наставата по пијано. Истовремено во училиштето таа работи и како корепетитор во класите за соло-пеење и по потреба го предава предметот музички форми. Во 1959 година е избрана за професор на Вишата педагошка школа каде предава 7 години, а во 1966 година се вработува на првиот штотуку отворен Факултет за Музичка Уметност во Скопје како професор по пијано и методика на наставата по пијано. По пензионирањето во 1994 година, продолжува да работи како професор на магистерските студии по пијано и методика на истиот факултет.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Milica Skarik
Date Deposited: 24 Dec 2012 12:13
Last Modified: 11 Jun 2013 12:25
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4330

Actions (login required)

View Item View Item