Естетска реставрација без препарација (приказ на случај)

Zarkova, Julija and Kovacevska, Ivona and Popovska, Lidija and Papakoca, Kiro and Zlatanovska, Katerina (2012) Естетска реставрација без препарација (приказ на случај). In: Научно-стручен собир Мадицински факултет Штип, 21.12.2012, Штип.

[img]
Preview
Text
Abstracts FMN UGD 2012.pdf

Download (1429Kb) | Preview

Abstract

Вовед: Естетските реставрациии кои максимално ги имитираат природните заби по боја, форма и функција преставуваат предизвик за секој стоматолог и желба на секој пациент. Современите композитните материјали овозможуваат тоа да сe постигнеме без или со минимална препарација.Цел: Целта на овој труд е приказ на наш случај каде изработивме индиректен композитен ламинат без препарација во функција на корекција на естетскиот момент.Материјал и метод: 21 годишна пациентка се јави кај нас со барање да преземеме нешто за да се подобри изгледот на нeјзината насмевка. Клиничкото иследување покажа нарушување на естетиката кое се должеше главно на неправилниот облик на максиларниот лев латерален инцизив и депресијата на лакот во тој сегмент. Возраста на пациентката беше причината заради која не сакавме да одземаме од здравото забно ткиво, а присуството на доволно простор беше клучен фактор во одлуката за избор на метод на изработка на ламинат преку интактна забна површина со кој ќе ја промениме формата и големината на латералниот инцизив. После земањето на отпечатокот од забите и нивните антагонисти, направивме работни модели. Врз моделот во заботехничка лабoраторија изработивме ламинат од термо-светлосно полимеризирачки микрополнет композит (SR Adoro® Ivoclar Vivadent). По завршената проба ги изолиравме останатите заби и го цементиравме атхезивено со композитен светлосноврзувачки цемент Variolink Veneer ® . Контролниот преглед реализиран по 6 месецине покажа никакви промени во бојата и формата, структурата на реставрацијата, ниту пак нотиравме пропусти во маргиналната адаптација. Заклучок: Индиректниот начин на изработка на ламинати преку интакните забни површини без препарација е неинвазивна клиничка метода при што се постигнуват високо задоволувачки естетски резултати. Карактеристиките на материјалот, како што е лесната обработка, полирање до висок сјај, стабилност на бојата, висока транслуценција и природна опалесценција, трошење приближно еднакво како на природниот емајл и можноста за репарирање го прават овој композит високо индициран за изработка на овој вид ламинати.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Ivona Kovacevska
Date Deposited: 24 Dec 2012 09:59
Last Modified: 24 Dec 2012 10:00
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4228

Actions (login required)

View Item View Item