Управување со заштитата на животната средина -правно-аналитички аспекти на законот за животна средина

Matlievska, Margarita (2012) Управување со заштитата на животната средина -правно-аналитички аспекти на законот за животна средина. Годишник на Правен факултет Кичево, Универзитет „Св Климент Охридски“, Битола . pp. 65-86. ISSN ISSN 1857-8764

[img]
Preview
Text
Matlievska_2012_Praven Fakultet_UKLO_Paper.pdf

Download (264Kb) | Preview

Abstract

“Ја злоупотребуваме животната средина бидејќи ја гледаме како нешто што ни припаѓа. Кога ќе почнеме да ја гледаме како заедница на која и’ припаѓаме, тогаш можеби ќе почнеме да ја користиме со љубов и почит.” За Република Македонија, стратешка цел е добивање статус на полноправна членка на Европската Унија. Меѓу другото, тоа подразбира и апроксимација на националното со законодавството на Унијата во сите области, вклучително и областа животна средина. За таа цел, во Македонија се изработи и усвои корпус на “еколошки” закони, од кои, заради својата се’опфатност, се издвојува Законот за животна средина. Целта на истражувањето во овој труд е да се утврди на кој начин новиот Закон за животна средина, кој го апроксимира делот од законодавството на Унијата познат како хоризонтална легислатива, ги надминува недостатоците на претходниот, Законот за заштита и унапредување на животната средина и природата. Последователно, предмет на истражување на овој труд е не само легислативата за заштита на животната средина во Македонија, туку и нејзиното уставно регулирање. Притоа, особен акцент во истражувањето е ставен врз четири теми: третманот на здравата животна средина во Уставот на државата, недопрецизираноста на поранешниот начин на регулирање на оваа област, хоризонталните директиви на Европската унија кои се транспонирани во новиот закон, како и областите на правно регулирање на оваа материја кај кои е најевидентно дека постои разлика меѓу двата закони. Спроведената анализа води до заклучокот дека новиот Закон за животна средина е дел од регулативата која е во согласност со утврдените меѓународни стандарди во оваа област. Со тоа, Законот за животна средина ја дава основата за интегрирано управување со животната средина и дава правни можности за да се постави оваа сложена проблематика на нови основи. Клучни зборови: закон, животна средина, директива, Македонија, Европска унија. Abstract "We abuse the environment because we see it as something that belongs to us. When we begin to see it as a community to which we belong, then we may start to use it with love and respect.” One of the strategic goals of the Republic of Macedonia is getting the status of full membership in the European Union. Among other things, this implies approximation of its national legislation with the EU’s one, in all areas, including the field of environment. For this purpose, Macedonia developed and adopted a corpus of "environmental" laws. Due to its complexity, the Law on Environment has to be particularly addressed. Aim of this Paper research is to determine how the Law on Environment, which approximates the part of the Union’s legislation known as “horizontal”, exceeds the shortcomings of the previous, Law on protection and improvement of the environment and nature. Consequently, the object of the research in this Paper is not only the environmental protection legislation in Macedonia, but its constitutional regulation. Moreover, in this research, special emphasis is put on four topics: the treatment of a healthy environment in the state’s Constitution, the inaccuracy of the former way of regulating this area (according to the Law on protection and improvement of the environment and nature, 1996), horizontal directives of the European Union which are transposed into the new Law on Environment, 2005, as well as the areas of legal regulation of environment protection where the difference between the two laws is most evident. The analysis made leads to the conclusion that the new Law on Environment is part of the legislation that is in line with established international standards in this area. Thus, the Law on Environment provides the basis for integrated environmental management and provides legal opportunities to set this complex issue at new foundations. Keywords: Law, Environment, Directive, Macedonia, European Union.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Margarita Matlievska
Date Deposited: 24 Dec 2012 08:50
Last Modified: 24 Sep 2013 13:20
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4216

Actions (login required)

View Item View Item