Концептот на општествена одговорност на претпријатијата

Madzova, Violeta (2012) Концептот на општествена одговорност на претпријатијата. Влијанието на општествената одговорност на прeтпријатијата врз социјалната вклученост на ранливите групи. pp. 9-18.

[img]
Preview
Text
КОНЦЕПТОТ НА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА.pdf

Download (1070Kb) | Preview

Abstract

Општествена одговорност на претпријатијата претставува збир на сите економски, правни, етички и дискрециони очекувања што општеството ги има кон претпијатијата во одреден временски период. Така презентираната четири-компонентната дефиниција прилично експлицитно ја покажува повеќестраната природата на корпоративната општествена одговорност. Имено: 1. Економската одговорност се однесува на очекувањата на општеството дека организациите ќе произведува добра и услуги кои се потребни и посакувани од страна на клиентите и ќе ги продаваат тие стоки и услуги по разумна цена. 2. Правната одговорност се однесува на очекувањата , организациите да работат во согласност со законите кои ги третираат и прашањата на добро владеење и почитување на конкуренција на пазарот, вклучително и законите за заштита на производи, за заштита на потрошувачите , како и законите за животната околина и вработувањето. 3.Етичката одговорност се однесува на општествените очекувања компаниите да сторат повеќе отколку што самиот закон го бара, односно да сторат особени напори во насока на предвидување и задоволување на општествените норми , во смисла на реализирање на сите деловни функции и активности на фер и праведен начин. 4. Дискреционата одговорност на корпорациите се однесува на очекувањата на општествот дека организациите бидат добри граѓани. Ова може да вклучува работи како што се филантропска поддршка на програми кои се во корист на заедницата или на нацијата. Таа, исто така може да вклучува пружање на стручна експертиза за остварување повисоки заеднички или општествени цели .

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Violeta Madzova
Date Deposited: 21 Dec 2012 11:10
Last Modified: 21 Dec 2012 11:10
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4203

Actions (login required)

View Item View Item