Влијанието на медиумите врз интересот за тргување со хартии од вредност

Sajnoski, Krste and Miteva-Kacarski, Emilija (2012) Влијанието на медиумите врз интересот за тргување со хартии од вредност. Зборник на трудови од меѓународна научна конференција на тема: „Улогата на медиумите во промоцијата на производите и услугите“.

[img]
Preview
Text
Vlijanieto na mediumite vrz interesot za trguvanje so hartii od vrednost.pdf

Download (367Kb) | Preview

Abstract

Улогата на медиумите во промовирањето на хартиите од вредност како атрактивни производи на финансиските пазари е клучна, посебно доколку се има во предвид фактот дека информациите кои ги пренесуваат исклучително силно влијаат и врз интересот на инвеститорите и врз цените на хартиите од вредност. По исцрпувањето на реалните вредности за висок раст на цените на акциите, односно ценовниот бум , посебно во периодот до 2007 година, каде и медиумите беа главни креатори во подгревањето на еуфоријата за инвестирање во овие видови на финансиски производи. Сега кога реално вредноста на хартиите од вредност се потценети медиумите треба да информираат за да се врати довербата кај инвеститорите и тоа кај старите инвеститори, кои под влијание на медиумите носеа одлуки и купувааа хартии од вредност, и кај новите, кои допрва треба да се информираат за каков вид на производи станува збор и дали е во ред во моментов да се инвестира во овој тип на производи .Со оглед на фактот што шпекулациите на берзата се темелат врз реална антиципација на вредностите, како и кај секое друго инвестирање во производство и услуги, но со далеку поголема можност за манипулативни шпекулации, објективното информирање е многу важно бидејќи инвестирањето на финансиските пазари, посебно на пазарот на капитал е една од најризичните бизнис активности. Практиката на повеќе берзи покажува дека лиферувањето на шпекулациите преку медиумите го подгрева пазарот на капитал и тоа во зависност од интересот на оние кои ја лиферуваат информацијата, и покрај сите механизми на безбедност и контрола во работењето со долгорочни хартии од вредност. Можностите за јакнење на информирањето е исклучително битно не само за пазарот и инвеститорите туку и за компаниите кои имаат интерес да ги ползуваат придобивките од финансиските пазари во прибирањето на финансиски средства.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Emilija Miteva
Date Deposited: 20 Dec 2012 14:44
Last Modified: 20 Dec 2012 14:44
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4152

Actions (login required)

View Item View Item