Има ли ден?! …за нив…и за нас (За поезијата на Кочо Рацин и музиката на Тоше Проески)

Karanikolova, Lusi (2011) Има ли ден?! …за нив…и за нас (За поезијата на Кочо Рацин и музиката на Тоше Проески). Context 9, Review for Comarative Literature and Cultural Research, Институт за македонска литература, Скопје. pp. 115-121. ISSN 1857-7377

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_lusi.karanikolova_Desktop_ZA REPOZITORIUM_ИМА ЛИ ДЕН! …ЗА НИВ…И ЗА НАС.pdf

Download (329Kb) | Preview

Abstract

Во оваа статија, во името на музиката и поезијата, се прави обид за поврзување на поезијата на основоположникот на современата македонска литература Кочо Рацин и музиката на прекрасниот и ненадминлив македонски музичар Тоше Проески. Допирна точка се стиховите од Рациновата „Печал“ и композицијата „Има ли ден за нас“ на Тоше, благодарение на што се отвора можност за споредба по однос на интимните и универзалните параметри што се сретнуваат во двете песни, кои пак го осигуруваат нивното „траење“ низ времето. Анализата потврдува дека времето во музиката и литературата, како временски уметности, може и да запре, но и да биде вечно-до крајот на времето! Пристапот кон овие две песни, по којзнае којпат, го потврдува Рациновиот исклучителен поетски сензибилитет и неприкосновената интерпретација на „момчето со ангелски глас“ кој успеваше да му вдахне душа на сè што ќе отпееше. Анализата ја наметнува и дилемата: „Има ли ден за нас?“, во овие наши македонски, доцнотранзициски времиња кога сите тежнееме кон интегрирање во глобалните процеси на културните народи во Европа и светот. Клучни зборови: поезија, музика, „Ден за нас“, интимен мотив, унивезални параметри.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Lusi Karanikolova
Date Deposited: 18 Dec 2012 07:41
Last Modified: 18 Dec 2012 07:41
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3853

Actions (login required)

View Item View Item