Описното рамниште во прозата на Конески

Karanikolova, Lusi (1999) Описното рамниште во прозата на Конески. Придонесот на Блаже Конески за македонската култура, Посебно издание, Меѓународен научен собир, 17 и 18 декември, 1998 година, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје, 1999 . pp. 283-298. ISSN 1409-8075

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_lusi.karanikolova_Desktop_ZA REPOZITORIUM_ОПИСНОТО РАМНИШТЕ ВО ПРОЗАТА НА КОНЕСКИ.pdf

Download (352Kb) | Preview

Abstract

Оваа статија го третира проблемот на литерарната дескрипција во книгата со кратки раскази „Лозје“ од Блаже Конески. Како еден од начините на литерарно претставување (=диегезис, т.е. нарација во поширока смисла), описот во оваа прозна збирка постои во два типа: „чист“ опис, кој подразбира два вида – „чист“ опис во потесна смисла (=опис на средина, амбиент, атмосфера) и опис на лик (=портрет), а потоа и „наративизиран“ опис (=опис кој копнее кон конкретизација) и опис „супстантивизиран предикат“ (=„кондензирано дејство“) или: чист опис на наративни елементи. Последниов, го подразбира прагот на нарацијата или попрецизно, границата меѓу наративната и дескриптивната диегетска инстанца. Конечната цел на оваа статија го подразбира напорот да се покаже дека литерарната дескиптивна категорија е независен наративен ентитет на нарацијата во потесна смисла (=низата од „кардинални функции“), односно дека дескрипцијата е суверен наративен ентитет, a не само еден аспект на диегезисот.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Lusi Karanikolova
Date Deposited: 17 Dec 2012 13:50
Last Modified: 17 Dec 2012 13:50
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3839

Actions (login required)

View Item View Item